Бизнис

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија

Во просториите на ЕВН Македонија вчера се одржа работна посета на австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, г-ѓа Клаудија Плаколм.

Во делегацијата присуствуваа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, г-ѓа Сања Божиновска, како и Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во земјава, со претставници од амбасадата.

За време на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со достигнувањата на ЕВН Македонија во изминатите години, со посебен акцент на инвестициите, развојот и современите дигитални решенија. Во рамки на турата низ компанијата, посебен интерес предизвика посетата на диспечерскиот центар – централната точка за дигитално управување со дистрибутивната мрежа на национално ниво.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер, во својот поздравен говор истакна дека законите и регулативите што се креираат во новоформираното Министерство за енергетика се навистина напредни и во целост усогласени со Европскиот пазар, што ја позиционира Македонија на Европската енергетска мапа и покрај тоа што не е членка на ЕУ.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, нагласи дека ЕВН Македонија може да послужи како пример за тоа како една странска компанија треба да соработува со државните институции, инвестирајќи не само во својата дејност, туку и во општеството.

Австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, г-ѓа Клаудија Плаколм, изрази задоволство од посетата и истакна дека е позитивно изненадена од синергијата меѓу приватниот и јавниот сектор, како и од начинот на кој институциите во земјата создаваат услови за поддршка и просперитет на компаниите, посочувајќи ја соработката меѓу Министерството за енергетика и ЕВН како позитивен пример.

Во рамки на посетата беше истакната и долгогодишната соработка меѓу Австрија и Македонија во областа на енергетиката, која претставува пример за успешна размена на знаење, искуства и добри практики. ЕВН Македонија, како дел од австриската EVN групација, останува посветена на инвестирање во модернизација, дигитализација и одржлив развој, со јасна цел – сигурна, ефикасна и зелена енергетска иднина за сите корисници.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top