Бизнис

Автопатот Скопје-Блаце треба да започне со градба до почетокот на следната година

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најави дека автопатот до граничниот премин Блаце ќе почне да се гради на почетокот на следната година и треба да биде готов за три години, односно до почетокот на 2029-та.

default

Делницата према Косово ќе се реализира. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски очекува изградбата на автопатот Скопје – Блаце да почне да се гради следната година.

  • Тој проект се реализира со поддршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде воведен во работа – изјави Николоски.

Рокот за изгрaдба е три години од почетокот на активностите. Автопатот е долг само 12 километри и почна да се гради пред 5 години. Тој  беше еден од приоритетните проекти на претходната влада, а главен координатор за неговата реализација беше поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тој ветуваше дека до крајот на мандатот автопатот ќе биде завршен.

Иако проектот беше проценет на речиси 250 милиони евра, до крајот на мандатот на претходната влада беа изградени само 2 километра.

Проектот за изградба на овој автопат датира од  2014 година, кога беше најавен како еден од приоритетите за инфраструктруниот развој на државата.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top