Бизнис

Brainster поставува нов стандард во образованието: AI академии, конференција и глобални експерти во Скопје

Во јуни 2025, Brainster направи решителен чекор напред: уписи на AI академии, специјализирана конференција за AI и платформи за континуирано учење

 

Компанијата Brainster открива дека во Македонија веќе има едукативен систем кој не подготвува кадри за минатото, туку за она што доаѓа утре?

Тој систем веќе работи со светски имиња, tech визионери и со пристап до реална работа уште од првиот ден?

 

,,Во јуни 2025, Brainster направи решителен чекор напред: уписи на AI академии, специјализирана конференција за AI и платформи за континуирано учење – во функција на една мисија: да се создаде кадар што нема да бара работа, туку ќе ја создава”, велат од Brainster.

 

 

Трите академии што го дефинираат новото „практично“ образование се:

 

  • AI за претприемачи – каде се учи како да се гради бизнис заснован на интелигентни системи
  • AI за програмери – за tech таленти што сакаат да влезат во светот на машинско учење
  • Практична AI академија – за сите што сакаат да го интегрираат AI во својата секојдневна работа

 

Секоја од овие програми нуди менторство, реални задачи, и пристап до екосистем што веќе ги поврзува учесниците со компании и бизнис мрежи.

 

AI конференција: Скопје – место каде светските експерти го споделуваат своето знаење

 

 

Како круна на AI активностите во јуни, по повод 10 години постоење, Brainster ја организираше и AI конференцијата на која учествуваа и двајца глобални експерти,

John Soldatos и George Fatouros – предавачи и истражувачи во сферата на IoT, дигитална трансформација и AI имплементација.

Двајцата се дел од Brainster’s AI Masterclasses – програма поддржана од ФИТР, која им овозможува на македонските професионалци пристап до глобално знаење.

 

Brainster+ и Brainster NEXT – два системски одговори на барањата на пазарот

 

Дополнително, од групацијата потсетуваат и на Brainster+ , дигиталната платформа со онлајн курсеви за оние што сакаат брзо надградување – од основи на веб, маркетинг и UX, до AI алатки, емоционална интелигенција и критичко размислување. Кратки, прецизни, базирани на реални потреби.

 

Незаменлив дел од овој екосистем е и Brainster NEXT е факултетот каде што дипломата значи искуство, а искуството значи вработување. Може да се пофалат со 100% вработени дипломци од првата генерација на запишани студенти – а бројот на заинтересирани расте, и расте секоја година.

 

Brainster не учи како пред 20 години – туку како ќе се работи следните 20. Во 2025 Brainster не само што држи чекор со светот, туку го поставува. Со академии, платформи, конференции и системски пристап, се позиционираат како тим кој ја води промената – од класична на модерна, од теорија во пракса, од пасивни дипломи до активни луѓе.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top