Бизнис

Бугарија издвои над 250 милиони евра за железничката линија до Македонија

Речиси 50 милиони евра ќе чинат последните 2,4 км од Ѓуешево до македонската граница

Бугарската Национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ) ги избра изведувачите на модернизацијата на железничките линии Софија-Перник-Радомир и Ѓуешево – граница со Македонија. Вкупната вредност на можните договори за поправка на делниците е над 520 милиони лева без ДДВ.

И двата проекта се дел од Коридорот 8, а нивната имплементација е важен чекор кон обновување на железничката мрежа и подобрување на регионалната поврзаност помеѓу Црното и Јадранското Море, објаснува НКЖИ.

Делницата од Софија преку Перник до Радомир ќе ја поправи конзорциумот ИСПА, кој понуди 421.283.219 лева без ДДВ, а рокот за имплементација е до средината на 2029 година.

Конзорциумот „Ѓуешево 2025“, пак, е избран за поправка на железничката линија од Ѓуешево до границата со Македонија. Неговата предложена цена е 97.972.691,73 лева без ДДВ за делницата од 2,4 км. Покрај изградбата на пругата, планирана е и реконструкција на железничката станица Ѓуешево, која ќе стане гранична патничка и товарна станица за Шенген.

Рокот за завршување на активностите е до крајот на 2028 година за целата делница, со исклучок на последните 420 метри до тунелот.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top