Бизнис

Бугарија сопре уште 9,5 тони пиперки од Македонија

Бугарската агенција за безбедност на храната ја „забрани“ и оваа пратка како и претходната од 11,6 тона поради пестициди

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) оневозможи пристап на пазарот во Европската унија на уште една пратка пиперки од Македонија тешка 9,5 тони три недели по забраната за увоз на 11,6 тони.

И за овие точно 9.502 килограми објаснувањето од Агенцијата е дека со лабораториските проверки е утврдено дека пиперките содржат остатоци од пестициди над дозволеното.

Покрај македонските пиперки, БАБХ не дозволи продажба и на 19,2 тона десертно грозје од Турција, кои ќе бидат вратени во земјата на потекло исто така поради присуство на пестициди над пропишаната норма. Ова е петта таква пратка од Турција од почетокот на засилените контроли, со што вкупната количина грозје забрането за бугарскиот пазр од соседната земја достигна 53 тона.

Најнови вести од: Бизнис

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

To top