Бизнис

Десеткратно поголеми казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот, најави Владата

По седницата на Економско-социјалниот совет, што се одржа завчера, Дурмиши соопшти дека просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија. Доколку биде прифатена, се очекува да биде во примена од крајот на месецот. Со неа се опфатени 101 производ и, според Дурмиши, таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.

Владата е подготвена драстично да ги зголеми санкциите доколку трговците продолжат да го изигруваат Законот за забрана на нефер трговски практики. Ова го најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

  • „Доколку трговците не почнат да го почитуваат законот, ќе предложиме законски измени со кои вредноста на казните ќе се зголеми десеткратно“, рече Дурмиши.

Министерот рече дека Комисијата за заштита на конкуренцијата веќе покренала постапки против големи синџири на маркети. Тој кажа дека 30 казни се изречени на четири компании за картелско здружување, односно дека компаниите, во соработка со една стопанска комора, вештачки ги покачувале цените, влијаејќи врз целиот пазар. Дурмиши рече дека се чекаат одлуки од судот за овие трговци.

Поранешниот премиер и пратеник од СДСМ, Димитар Ковачевски, побара конкретни рокови и мерки за сузбивање на високите цени во малопродажбата. Тој посочи дека и покрај законот, на терен цените на храната бележат двоцифрен пораст. Ковачевски нагласи дека трошоците за живот на едно семејство надминале 1 000 евра месечно.

  • „Две години по стапувањето во сила, на терен се забележуваат сериозни отстапувања, а според податоците на Државниот завод за статистика, цените на храната бележат двоцифрен пораст, при што индексот на трошоци на цените во делот на храна и безалкохолни пијалаци во одредени месеци надминуваше 10 проценти на годишно ниво. Ова се гледа и од зголемувањето на висината на потрошувачката кошничка, која надмина 1 000 евра месечно од семејство, без разлика дали во неа се содржи кирија“, рече Ковачевски.

Истовремено, вели тој, домашните производители укажуваат на притисоци врз откупните цени и дополнителни трошоци. Министерот Дурмиши ја оспори методологијата на Сојузот на синдикатите, нарекувајќи ја нивната потрошувачка кошничка „елитистичка“, а не минимална.

  • „И тие што ја имаат изготвено методологијата велат дека не е минимална кошничка, туку се прави за секојдневни политички разговори и јавноста да не биде правилно информирана колку трошоци има за еден месец“, додаде Дурмиши.

Дурмиши рече дека за да се осигури доследна примена на законот кој опфаќа над 2 000 производи, бројот на членови во Комисијата за заштита на конкуренцијата е зголемен од три на седум. Според Дурмиши, веќе во јануари се забележува стабилизација и пад на инфлацијата од 0,7 отсто и најави дека и во наредните месеци ќе ја следат состојбата и доколку има потреба од интервенција и измени, ќе ги предложат во Собранието.

По седницата на Економско-социјалниот совет, што се одржа завчера, Дурмиши соопшти дека просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија. Доколку биде прифатена, се очекува да биде во примена од крајот на месецот. Со неа се опфатени 101 производ и, според Дурмиши, таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top