Бизнис

ДЗР се изгради како независен и кредибилен столб за контрола и одговорно управување со јавните пари, рече министерката за финансии

Министерството за финансии е цврсто убедено дека подобрувањето на улогата и капацитетите на државната ревизија е клучно за остварување на поставените реформски цели во финансискиот сектор за подобро и поодговорно управување со јавните средства и за јакнење на довербата на граѓаните за ефикасноста и транспарентноста на системот.

Државниот завод за ревизија е институција што во изминатите децении се изгради како независен, професионален и кредибилен столб во системот на контрола и одговорно управување со јавните финансии, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на одбележувањето на 26 години ДЗР. Министерството за финансии, нагласи Димитриеска Кочоска, високо ја цени улогата на државната ревизија во унапредувањето на доброто владеење и во обезбедувањето на рационално и законито користењето на средствата на даночните обврзници.

  • Во време на зголемени фискални предизвици, ограничени ресурси и различни очекувања од граѓаните, прашањата поврзани со одговорното управување со јавните финансии, транспарентноста и отчетноста добиваат уште поголема тежина. Токму тука, улогата на ДЗР е од суштинско значење, не само како контролен механизам, туку и како партнер во зајакнување на институционалните капацитети и создавањето ефикасно и одржливо контролно опкружување за заштита на јавните средства, изјави Димитриеска-Кочоска.

Ревизорските наоди и препораки, според Димитриеска Кочоска, претставуваат важна основа за подобрување на јавните политики и за јакнење на довербата на граѓаните во институциите.

  • Новиот закон за државна ревизија, којшто е во финалната фаза, има за цел да ја зајакне финансиската и оперативната независност на ДЗР, како и да воспостави поефикасни механизми за следење и проверка на спроведувањето на ревизорските препораки, изјави Димитриеска-Кочоска.

Овие активности, како што нагласи министерката, се директен одговор на барањата на ЕУ и на меѓународните стандарди за државна ревизија и претставуваат важен чекор во насока на усогласување со европските и меѓународните практики.

Министерството за финансии, нагласи Димитриеска Кочоска, е цврсто убедено дека подобрувањето на улогата и капацитетите на државната ревизија е клучно за остварување на поставените реформски цели во финансискиот сектор за подобро и поодговорно управување со јавните средства и за јакнење на довербата на граѓаните за ефикасноста и транспарентноста на системот.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top