Бизнис

ЕВН: Набавката на електрични броила вредни 13,2 милиони евра е согласно закон

Промената на броилата е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија и истиот интензивно се спроведува со години наназад, а ќе продолжи и во следниот период, велат од ЕВН.

Сите набавки на ЕВН Македонија се спроведуваат низ јасно утврдена постапка, со почитување на законските процедури и специфичните технички критериуми, велат од енергетската компанија за последниот договор за набавка на електрични броила.

  • „Таквата пракса беше применета и во постапката за набавка на броила, каде што, покрај законската регулатива, беа доследно применети и критериумите за техничка и професионална способност, усогласеноста со барањата од техничката спецификација, како и проверката за евентуално постоење причини за исклучување на понудувачите од постапката“, порачуваат од ЕВН Македонија и додаваат дека изборот на понудувачот е направен со строго почитување на утврдените критериуми и регулативи.

Изборот на понудувачот, како што велат, е резултат исклучиво на спроведената постапка и на исполнувањето на однапред утврдените критериуми и барања, без простор за политички или други толкувања поврзани со изборот.

  • „Промената на броилата е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија и интензивно се спроведува со години наназад, а ќе продолжи и во следниот период“, посочуваат од ЕВН Македонија.

Од ЕВН ја поврзуваат набавката на електрични броила со поширокиот инвестициски циклус за модернизација на електродистрибутивната мрежа и подобрување на услугите. Во рамките на тој процес, според компанијата, се реализираат повеќе активности – далечинско управување со трафостаниците, унапредување на софтверските решенија за управување и замена на електричните броила.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top