Бизнис

Финансиски резултати на ОКТА за вториот квартал и првата половина од 2026 година

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026 година, поддржани од зголемена комерцијална активност и подобрувања во синџирот на снабдување

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително повисоки од оние во истиот период од 2025 година, достигнувајќи просек од околу 85 американски долари за барел во јуни, нормализирањето на пазарните услови придонесе за намалување на придобивките од вреднувањето на залихите во споредба со исклучително силните резултати остварени во  првиот квартал од 2026 година.

Во текот на вториот квартал, ОКТА остана фокусирана на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со нафтени деривати на домашниот и на соседните пазари. Воведувањето на транспортот на дизел-гориво преку продуктоводот Солун-Скопје дополнително ја зајакна безбедноста на снабдувањето, ја подобри логистичката ефикасност и овозможи поголема оперативна флексибилност.

Во вториот квартал од 2026 година, приходите од продажба изнесуваа 19.894 милиони денари, што претставува зголемување од 121% на годишно ниво, првенствено како резултат на повисоките цени на горивата и зголемениот обем на продажба и на домашниот и на извозниот пазар. Оперативните трошоци се зголемија за 47%, главно поради повисоките регулаторни такси, трошоците за вработени и инвестициите насочени кон стратешките иницијативи за раст на компанијата. ЕБИТДА достигна 249 милиони денари, што е зголемување од 88% во споредба со истиот период од 2025 година, поддржано од подобрените комерцијални резултати и позитивните ефекти од вреднувањето на залихите. Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 702 милиони денари, што претставува зголемување од 319% на годишно ниво.

 

К2 2026 К2 2025 % на разлика (износ во милиони денари) 1П 2026 1П 2025 % на разлика
19,894 9,012 121% Приходи од продажба 32.485 17.779 83%
472 284 66% Бруто добивка 1.742 553 215%
223 152 47% Оперативни трошоци 398 305 31%
249 132 88% ЕБИТДА 1.344 249 440%
239 129 85% Добивка пред оданочување 1.325 236 461%
213 120 78% Нето добивка 1.181 216 448%
702 167 319% Прилагодена  ЕБИТДА 830 305 172%

*Прилагодена  за ефектот на вреднување на залихите

 

 

Оперативни и стратешки клучни моменти

  • Успешно реализирана прва трансакција на компанијата на интрадневниот пазар на електрична енергија на MEMO, што е важен исчекор во тековната диверзификација на ОКТА во рамките на поширокиот енергетски сектор.
  • Подобрена безбедност во снабдувањето, оперативна флексибилност и логистичка ефикасност преку континуирано користење на продуктоводот Солун-Скопје за транспорт на дизел-гориво.
  • Зацврстена позиција на компанијата како регионален енергетски партнер преку поддршка и организациско учество во 10-тиот Симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати, промовирајќи техничка извонредност, иновации и регионална соработка низ целиот регион.
  • Дополнително зајакната корпоративна и бренд видливост преку учество во регионални иницијативи и настани од висок профил, вклучувајќи го и ЕКО Акрополис Рели.

 

Корпоративни клучни моменти

  • На 28 мај 2026 година, Генералното собрание одобри распределба на дивиденда од 182,8 милиони денари, што е еднакво на 240 денари по акција, која ќе биде исплатена во текот на третиот квартал од 2026 година.
  • ОКТА не ги промени своите сметководствени политики.
  • Компанијата одржуваше биланс на состојба без долгови и силна готовинска позиција во текот на првата половина од 2026 година.
  • Во текот на извештајниот период не беа реализирани значајни инвестиции во материјални средства кои го надминуваат прагот од 30% од вкупните средства на Друштвото, согласно последните ревидирани годишни финансиски извештаи.

 

Иницијативи за потрошувачи и општествена одговорност

Во текот на првата половина од 2026 година, ОКТА продолжи да ги поддржува своите потрошувачи преку насочени програми за попуст на дизел-гориво и бензин, генерирајќи проценети заштеди од околу 7 милиони евра за крајните потрошувачи. Истовремено, компанијата продолжи да спроведува општествени, образовни и еколошки иницијативи, изразувајќи ја својата посветеност на одржливиот развој и создавањето долгорочна вредност за заедницата и сите засегнати страни.

И покрај стабилизацијата на меѓународните нафтени пазари во текот на вториот квартал, геополитичките случувања, глобалните економски услови и динамиката на понудата и побарувачката и понатаму влијаат на цените на горивата. Затоа, нестабилноста на пазарот останува важен фактор што може да влијае на остварувањата поврзани со залихите и целокупната профитабилност во наредните периоди. ОКТА останува фокусирана на врвна оперативност, сигурност во снабдувањето и дисциплинирана распределба на капиталот со цел да обезбеди одржлива долгорочна вредност за своите акционери.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top