Бизнис

Фортенова група и ALTA Retail постигнаа договор за продажба на компанијата Idea Marketi и поврзаните друштва

Трансакцијата ќе биде заклучена по исполнувањето на сите услови дефинирани во купопродажната документација.

Фортенова група и ALTA Retail потпишаа договор за купопродажба на деловните удели во компанијата Idea Marketi d.o.o. Со трансакцијата се опфатени уште четири компании – Enna Fruit Grocka Beograd, Super Kartica Beograd, M-Profil SPV Beograd и mStart Business Solutions Beograd, кои претставуваат важен дел од оперативната и технолошко-логистичката инфраструктура на системот.

Idea Marketi е еден од најголемите малопродажни синџири во Србија и се вбројува меѓу десетте најголеми работодавачи во земјата.

На пазарот е препознатлив по брендовите Idea, Mercator и Roda, со развиена малопродажна мрежа која опфаќа повеќе од 80 градови и општини низ Србија.

Enna Fruit има значајно влијание на пазарот како еден од водечките дистрибутери на свежо овошје и зеленчук во Србија, додека Super Kartica, M-Profil и mStart обезбедуваат клучна поддршка за работењето преку програми за лојалност, управување со недвижности и ИТ-услуги. Заедно, овие компании ја сочинуваат целокупната инфраструктура и технолошко-логистичката поддршка на системот.

„Стратегијата на Фортенова група во малопродажбата е да биде водечки трговец на пазарите на кои работи. За да ја оствари таа цел во Србија, Групата би требало да реализира значителни инвестиции во подолг временски период, на пазар кој има свои специфики и динамика. Поради тоа, донесовме одлука за излез од малопродажниот бизнис во Србија.

Овој потег ни овозможува дополнително да ги насочиме нашите капацитети и фокус кон долгорочно зајакнување на позициите на пазарите на кои веќе имаме лидерска позиција и кои во најголема мера се поврзани со еврото како валута.

Сакам да им се заблагодарам на вработените во овие компании за посветената работа, придонесот кон Фортенова група и посветеноста на заедничките вредности. Новиот сопственик сега има можност да го подигне работењето на повисоко ниво, а ние, како партнер, му посакуваме многу успех во тоа“, изјави Фабрис Перушко, член на Управниот одбор и главен извршен директор на Фортенова група.

ALTA Retail е компанија во состав на ALTA Група, еден од најбрзорастечките деловни системи во регионот. Преку долгорочна стратегија за развој и инвестиции, ALTA Група континуирано го проширува своето работење и гради одржливи платформи за раст во различни сектори од економијата, потпирајќи се на долгорочна визија, оперативна извонредност и одговорно управување.
Инвестицијата во малопродажниот сектор претставува значаен чекор кон натамошна диверзификација на работењето и потврда на нејзината определба да инвестира во компании со силни пазарни позиции, препознатливи брендови и значителен потенцијал за понатамошен развој.

„Ова е клучен чекор во развојот на ALTA Retail и еден од најголемите деловни успеси на нашата компанија на пазарот во Србија. Преземаме компании кои со децении уживаат голема доверба кај потрошувачите, имаат силни пазарни позиции и тимови чие знаење, посветеност и професионалност придонеле за постигнување респектабилни резултати.
Покрај инвестицијата во деловниот систем, ова пред сè е инвестиција во луѓето, развојот и иднината на домашната трговија. Нашата намера е преку модернизација, унапредување на процесите и иновации да отвориме ново поглавје на раст, со целосно почитување на идентитетот, вредностите и традицијата што брендовите Idea, Mercator и Roda со години ги градат на пазарот.

Цврсто веруваме дека домашниот капитал треба да биде двигател на развојот на најголемите економски системи и на создавањето нова вредност за вработените, партнерите, локалните производители и купувачите. Оваа трансакција ја потврдува нашата долгорочна определба да инвестираме во Србија, да ја зајакнуваме домашната економија и да градиме компании со силата на регионални лидери“, истакна Бранислава Косовац, директорка на ALTA Retail d.o.o.

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Октомври е месец посветен на штедењето, а АЛТА банка АД Битола го одбележува со нова промотивна понуда за сите кои сакаат паметно да ги планираат своите финансии и да создаваат сигурна основа за иднината. Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка […]

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

To top