Бизнис

(Фото): Форум на Центарот за извонредност во финансиите – Како до силни јавни финансии?!

Премиерот оцени дека една од најголемите вредности на ЦЕФ е неговата способност да ги поврзува институциите и луѓето околу заедничката цел – создавање поефикасни, потранспарентни и поодговорни системи на управување.

Силните јавни финансии не се само економска категорија. Тие се темелот врз кој се гради секоја успешна држава. Тие се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството. изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ.

Тој посочи дека овој јубилеј од 25 години постоење на ЦЕФ, претставува признание за една мисија која четврт век придонесува за создавање подобри институции, подобри политики и подобро управување со јавните ресурси во целиот регион.

  • Особено значајно е што Центарот уште од своето формирање препозна дека вистинскиот напредок не доаѓа само преку донесување закони и стратегии, туку преку создавање луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет тие политики успешно да ги спроведуваат. Во тој контекст, придонесот на оваа организација е далеку поголем од бројот на реализирани програми или учесници на обуките. Нејзиниот придонес се гледа во институциите кои денес функционираат подобро, во администрациите кои се поефикасни и во финансиските системи кои се постабилни и поотпорни, рече Мицкоски.

Тој ја пофали работата на министерката за финансии и нејзиниот тим, кои, како што рече, со својата посветеност, професионалност и сериозен пристап покажуваат дека финансиската дисциплина и развојот не се спротивставени цели, туку процеси кои мора да одат рака под рака.

  • Резултатите од таквиот пристап веќе се видливи. Според последните официјални податоци, во првиот квартал од годинава Македонија оствари раст на Бруто домашниот производ од 3,2 проценти, што нè позиционира меѓу првите пет економии во Европа според стапката на економски раст. Истовремено, минатата година беше забележан историски рекорд кај странските директни инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, што претставува највисок износ досега регистриран во нашата држава, рече Мицкоски.

Според премиерот, овие бројки не се само статистика, туку се потврда дека стабилните јавни финансии, одговорните економски политики и реформите што ги спроведуваме создаваат доверба кај инвеститорите, ја поттикнуваат економската активност и отвораат нови можности за развој.

  • Тоа е доказ дека кога институциите работат посветено, а политиките се темелат на знаење, дисциплина и јасна визија, резултатите не изостануваат. Денес имаме раст на индустриското производство, раст на извозот, раст на просечните плати и постепено намалување на невработеноста. Тоа се показатели кои зборуваат за економија што се движи напред, за стопанство кое создава нова вредност и за држава која постепено ја враќа довербата кај инвеститорите и бизнис заедницата, кажа Мицкоски.

Тој посочи дека во изминатиот период успеале да ја стабилизираат инфлацијата, да обезбедат предвидлива деловна средина и да ја зајакнат довербата во економските политики.

  • Тоа е особено важно во време кога голем број европски економии се соочуваат со забавен раст и неизвесност. Токму затоа овие резултати имаат дополнителна тежина и значење. Истовремено, работиме на реализација на најголемиот инвестициски циклус во поновата историја на државата. Градиме и реконструираме патишта, автопати, железничка инфраструктура, училишта, студентски домови, спортски сали, болници и енергетски капацитети. Тоа не се само инфраструктурни проекти. Тоа се инвестиции во конкурентноста на државата, во подобар квалитет на живот и во иднината на генерациите што доаѓаат, оцени тој.

Премиерот оцени дека една од најголемите вредности на ЦЕФ е неговата способност да ги поврзува институциите и луѓето околу заедничката цел – создавање поефикасни, потранспарентни и поодговорни системи на управување.

  • Исклучително ја цениме улогата што Центарот за извонредност во финансиите ја има во јакнењето на професионалните капацитети на јавната администрација. Бидејќи ниту една реформа не може да биде успешна доколку нема луѓе кои знаат како да ја спроведат, кои имаат визија да ја водат и интегритет да ја заштитат. Затоа инвестицијата во знаење секогаш е најисплатливата инвестиција. Знаењето создава подобри политики, а подобрите политики создаваат подобри институции. Подобрите институции создаваат економски раст. А економскиот раст создава подобар живот за граѓаните, нагласи премиерот.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top