Бизнис

(Фото): Македонија и Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања

Делегацијата на Народната банка во Вашингтон учествува и на тркалезна маса со претставниците на Светската банка, Банката на Италија и централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, на која се разгледуваат тековните активности и следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања заснован на клонот на ТИПС.

Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка, за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Светската банка и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (англ. Target Instant Payment Settlement) на Европската централна банка. Ова беше посочено на средбите помеѓу гувернерот д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шjиаочjинг Ју, за време на пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, САД.

Народната банка во моментов е фокусирана на воспоставување систем за инстант плаќања во земјава заснован на клонот на ТИПС, којшто го развива Банката на Италија за пет земји од Западен Балкан согласно одлуката на Управниот совет на ЕЦБ. За таа цел Народната банка и Светската банка потпишаа договор за техничка соработка којшто ќе обезбеди експертска поддршка во дизајнирањето и воведувањето на системот, како и за негово усогласување со современите европски практики.

Договорот го потпишаа гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани.

На средбата со високите претставници на Светската банка во Вашингтон беше нагласено значењето на партнерството во рамките на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка за Народната банка. Постојаната соработка придонесува за подобри механизми за зајакнување на финансиската стабилност, унапредување на регулативната и супервизорската рамка, развивање на макропрудентните политики, модернизација на платните системи, зајакнување на управувањето со ризиците, како и за поддршка во процесите на дигитализација, финансиска вклученост и усогласување со меѓународните стандарди и најдобрите практики.

Делегацијата на Народната банка во Вашингтон учествува и на тркалезна маса со претставниците на Светската банка, Банката на Италија и централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, на која се разгледуваат тековните активности и следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања заснован на клонот на ТИПС.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top