Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна за 3,46 долари во споредба со вчерашното затворање и изнесуваше 111,47 долари. На американскиот пазар, барелот поскапе за 4,08 долари и се тргуваше по 98,56 долари.

На крајот од неделата, пазарите го игнорираа повеќекратното одложување на рокот за отворање на Ормутскиот теснец од страна на Соединетите Американски Држави. Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток повторно го одложи рокот што го постави за Иран да го отвори Ормутскиот теснец, овој пат за дополнителни десет дена.

Тоа значи дека, доколку теснецот не се отвори, САД би можеле да ја нападнат иранската енергетска инфраструктура од 6 април.

Израелскиот министер за одбрана Кац, сепак, изјави дека нападите врз Иран нема да престанат.

По американско-израелскиот напад кон крајот на февруари, Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец, забранувајќи го транзитот за бродови поврзани со Израел, САД и нивните сојузници.

Техеран, од своја страна, инсистира дека теснецот не е затворен и дека транзитот е дозволен за бродови на „пријателски земји“, во координација со иранската морнарица.

Израел и САД синоќа повторно извршија напади врз цели во Иран, а иранската војска возврати со истрелување ракети и беспилотни летала кон Израел и американските бази во земјите околу Персискиот Залив.

Блокадата на Ормутскиот теснец досега отстрани околу осум милиони барели нафта дневно од пазарот, а многу поголема количина е во опасност.

Затоа, аналитичарите на ING, Ева Мантеј и Ворен Патерсон, забележуваат дека додавањето на геополитичкиот ризик веројатно нема значително да се намали.

Од друга страна, Русија попладнево сигнализираше дека можеби ќе го забрани извозот на бензин.

Забраната ќе стапи на сила на 1 април и ќе се однесува на сите учесници на пазарот, изјавија за новинската агенција Интерфакс извори запознаени со исходот од состанокот меѓу вицепремиерот Александар Новак и раководителите на нафтените компании.

Досега, извозот беше забранет само за компании кои не го произведуваат бензин. Учесниците на состанокот не разговараа за тоа колку долго ќе трае забраната, а еден извор изјави дека тоа би можело да биде максимум три месеци.

Новак на состанокот во Министерството за енергетика во четврток истакна дека владата треба што поскоро да преземе мерки за да спречи зголемување на цените на горивата на бензинските пумпи и да обезбеди стабилност на домашниот пазар во услови на глобална енергетска криза, објави ТАСС.

Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта покажуваат дека барелот од кошничката нафта на нејзините членки во четврток пораснал за 5,20 долари, достигнувајќи 122,16 долари.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

To top