Бизнис

Хаваријата кај Драчево нема да ги запре – Ветените возови ќе профункционираат по планот

Ние градиме, други уништуваат!
Ние ќе победиме!
Ја градиме Македонија”, напиша Николовски.

После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски и Железница Транспорт Дејан Кошутиќ, објави министерот за транспорт и врски Александар Николовски.

Тој ги информира граѓаните дека градски воз сепак ќе има.

,,Ветивме од 1ви Септември и од 1ви Септември ќе оперира!
– Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има!
– Патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има”, порачува Николовски кој е убеден дека со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат!

,,Благодарам на министерот Панче Тошковски за брзата реакција.
Ние градиме, други уништуваат!
Ние ќе победиме!
Ја градиме Македонија”, напиша Николовски.

Нападот врз македонската критична инфраструктура има сериозни последици а финансиската штета е огромна

Македонија мета на напад врз критична инфраструктура

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top