Свет

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа

Шпанија има најдолга железничка мрежа по Кина, а ова е прва несреќа со брз воз. Во неа загинаа најмалку 39 лица, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми во наредните часови, бидејќи уште 152 лица се повредени, од кои некои потешко.

Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица , а 152 беа повредени и прогласи тридневна национална жалост. „Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз.

На влезот во градот, кој има население од 4.000 жители, два воза од спротивни насоки се судрија вчера во 19:40 часот. Задните вагони на брз воз што сообраќал од Малага до Мадрид се одвоиле и преминале на спротивната пруга, каде што биле удрени од брз воз од Мадрид.

Санчез, кој го откажа учеството на економскиот форум во Давос, Швајцарија, изрази сочувство до семејствата на жртвите. Шпанија ќе прогласи тридневна жалост од полноќ. „Оваа трагедија бара единство“, рече Санчез, чија земја се соочи и со смртоносни поплави во регионот Валенсија пред една година.

Шпанија има најдолга железничка мрежа по Кина, а ова е прва несреќа со брз воз. Во неа загинаа најмалку 39 лица, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми во наредните часови, бидејќи уште 152 лица се повредени, од кои некои потешко.

  • „Сите се прашуваме што се случило и како ова можело да се случи“, рече Санчез. „Уверен сум дека експертите ќе ни дадат одговор. Уверен сум дека ќе ја откриеме причината.“

Брзата железничка линија помеѓу Мадрид и Андалузија, која беше погодена од несреќата од синоќа, ќе остане затворена најмалку до петок, потврди шпанското Министерство за транспорт за Скај њуз.

Само денес прекинот на услугите влијаеше на повеќе од 200 возови на сите линии, објави шпанската државна новинска агенција ЕФЕ.

По несреќата, пред канцелариите на Ренфе, државната железничка компанија на Шпанија, се формираа долги редици, бидејќи патниците беа заглавени на станицата Пуерта де Аточа-Алмудена Грандес во Мадрид, објави ЕФЕ.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

По Фејсбук падна и Инстаграм: Kорисниците не можат да пристапат до платформите

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук. Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Нов прекин на Фејсбук: Корисниците добиваат порака дека профилот е привремено недостапен

Корисници на „Фејсбук“ од целиот свет во моментов немаат пристат до социјалната мрежа, а според информациите, на милиони профили им се прикажува порака дека акаунтот е „привремено недостапен“.

To top