Бизнис

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

Хрватска од следната недела почнува со примање барања за издавање на посебни долгорочни визи со траење од една година за професионалните возачи на камиони и автобуси од Македонија и од земјите од Западен Балкан. Поднесувањето на барањата за овие визи официјално е закажано да започне од 23 септември 2026 година.

Но, Хрватска сама не може да го реши целиот проблем. Вакви визи ќе бараат околу 80 илјади возачи од четири земји од Западен Балкан. Многу важна е и Германија, каде завршуваат голем дел од македонските камиони. Но, таа засега бара едно заедничко решение за цела Европска унија. Такво решение нема, па Владата сега преговара со секоја земја посебно. Според министерот за транспорт Александар Николоски договори веќе има со Хрватска и Швајцарија, а се разговара и со други држави. 

Амбасадите на Хрватска во земјите од Западен Балкан првично ќе почнат да примаат помал број барања дневно, а капацитетот ќе се зголемува како што електронскиот систем целосно ќе се прилагодува. Оваа мерка доаѓа како одговор на строгите контроли на Шенген системот за влез/излез (EES), кој ги ограничува возачите од трети земји на престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена. Со долгорочната виза, ова ограничување се надминува додека возачите транзитираат или работат во Хрватска, која е првата земја-членка на ЕУ која направи ваков чекор преку измени во својот Закон за странци за да им помогне на превозниците од регионот.

Покрај Хрватска, Македонија веќе има потпишано слични билатерални договори и со Романија и Швајцарија, а во тек се преговори за исти вакви решенија со Германија, Австрија, Унгарија и Словенија. Биљана Муратовска од здружението „Макам-транс“ изјави дека  во отсуство на единствено решение на ниво на Европската Унија, прашањето ќе мора да се решава билатерално со секоја земја од шенген-зоната. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски неделава најави дека наскоро ваков договор да се потпише и со Австрија.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top