Бизнис

И повеќе од јасно е дека годинава нема раст на минималната плата – Што ќе биде во фокус на состанокот на ЕСС во Влада?!

Од Владата остануваат на ставот дека синдикатите и работодавачите треба да се договорат околу зголемувањето на минималната плата. И премиерот и министерот за економија и заменик-министерот за економија се на истиот став – ќе поддржат решение кое ќе го договорат синдикатите и работодавачите.

За утре, в понеделник, е закажана седница на Економско-социјалниот совет, но на неа не е ставено како точка на дневен ред зголемувањето на минималната плата, пренесуваат дел од медиумите. За зголемувањето на минималната плата евентуално би се разговарало под точка разно. Ова значи дека работниците кои земаат минимална плата Новата Година ќе ја дочекаат со само 24.397 денари, иако животните трошоците од месец за месец растат особено во делот на храната и пијалоците. Статистиката покажа дека во ноември трошоците на живот бележат зголемување од 4 проценти на годишно ниво, а раст бележат и на месечно ниво. Најголемо зголемување има во делот на храната и пијалоците.

  • И најновата пресметка на синдикалната кошничка која ги пресметува минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство го потврдува истото. На едно четиричлено семејство му биле потребни 65.492 денари во декември за да го помине месецот, а само за храна треба да одвои 23.648 денари што е приближно на минималната плата во државава. Пресметките на синдикатот покажуваат дека во однос на ноември, месечните минимални трошоци на едно семејство се зголемени за 319 денари.

Сојузот на Синдикати на Македонија веќе подолг период бара зголемување на минималната плата, а како еден од аргументите го посочува растот на животните трошоци. Анкета спроведена од ССМ покажа дека работниците бараат минимална плата од 600 евра за да може да го поминат месецот.

  • Синдикатот посочува дека Македонија е на дното во регионот по висината на минималната плата. Во Косово и Албанија таа се зголемува на 500 евра, во Србија од јануари треба да биде 550 евра, во Босна и Херцеговина 511 евро, а во Црна Гора е 600 евра за работниците со завршено средно образование, а за оние со високо образование 800 евра.

Но, од Владата остануваат на ставот дека синдикатите и работодавачите треба да се договорат околу зголемувањето на минималната плата. И премиерот и министерот за економија и заменик-министерот за економија се на истиот став – ќе поддржат решение кое ќе го договорат синдикатите и работодавачите.

Засега на повидок нема решение што значи дека најверојатно работниците ќе добијат минимално зголемување од околу 1.600 денари во март кога согласно Законот за минимална плата кога треба да се изврши законското усогласување.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top