Бизнис

Исплатени близу 5,5 милиони евра субвенции за сточарите

Корисниците на кои не им се исплатени субвенции за 2023 година трреба да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопшти Министерството за земјоделство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е реализирана исплата на субвенции во вкупен износ од 335.963.096 денари (влизу 5,5 милиони евра) кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека исплатата е дел од континуираните активности за навремена поддршка на земјоделскиот сектор и стабилизирање на сточарското производство.

Во врска со корисниците на кои сè уште не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, од Министерството појаснуваат дека е неопходно тие да се обратат до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде што ќе се изврши детална проверка и индивидуално разгледување на секој поединечен случај.

Од МЗШВ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активностите насочени кон унапредување на земјоделството и навремена финансиска поддршка за земјоделците низ целата држава.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top