Бизнис

Почна продажбата на курбан, една овца се продава и до 400 евра

Сточарството во тетовскиот регион се соочува со една од најсериозните кризи во последните децении, директно погодено од бранот на иселување на младите и недостатокот на интерес за наследување на традиционалните занаети. Според самите сточари, бројот на добиток драстично се намалил, бидејќи младите генерации ги напуштаат селата, оставајќи ги само постарите да се грижат за малкуте преостанати стада.

Близу градскиот стадион во Тетово, сточарите започнаа со продажба на добиток за курбан. Продавачите велат дека денес е првиот ден кога почнале со продажба, додека цената на една овца се движи од 180 до 250 евра, а на овенот до 400 евра. Според продавачите, бројот на стада е значително намален, што се забележува и на импровизираниот пазар каде што бројот на сточари беше многу мал.

  • „Цените се како и секогаш, такви се и оваа година. Интерес речиси и да нема, како што гледате, многу е слабо, речиси никако. Еден курбан оди од 200 евра па нагоре и зависи каков е курбанот.“ велат сточарите за ТВ 21.

  • „Денес е првиот ден што сме излегле тука. Продажбата е добра, а цените не се толку високи како што мислат луѓето, но понатаму ќе видиме како ќе оди пазарот. Колку се цените на курбаните? Помалите овци се од 140 до 200 евра, овните се од 200 до 300 евра, а не како што велат 400 или 500 евра, за да ги исплашат луѓето да не купуваат курбан.“
  • „Цената достигнува до 400 евра за овните, или од 200 до 250 евра, зависи од стоката. Има интерес, зависи кој каков џеб има. Ќе видиме понатаму, рано е уште. Има пораст на цените од лани, бидејќи сè поскапе. Има и недостиг, затоа што не ги чуваат и се намалени, па нормално е сè да поскапи, па и овците.“

Но купувачите имаат поделени мислења. Некои велат дека не е скапо, а други сметаат дека цените се високи за оваа економска криза и за трошоците што граѓаните ги имаат секој месец.

  • „Не се скапи, не се скапи, дури треба да бидат и поскапи. Кога ние не ја чуваме стоката, нека биде скапа. Нека поскапат, 500 евра, па дури и илјада нека бидат.“
  • „Средни се, каква што е стоката, такви се и цените. Но какви се платите? Платите не се ништо, воопшто не се.“
  • „За времето и кризата што ја имаме сега, курбаните се скапи. И тие си имаат свој мака, свесни сме дека и кај нив многу работи поскапеа. Но ние сакаме да ја одржиме нашата традиција. Трошоците се насобраа од сите страни и станаа екстремни. Условите се такви што е невозможно да се издржи до крајот на месецот.“

Сточарството во тетовскиот регион се соочува со една од најсериозните кризи во последните децении, директно погодено од бранот на иселување на младите и недостатокот на интерес за наследување на традиционалните занаети. Според самите сточари, бројот на добиток драстично се намалил, бидејќи младите генерации ги напуштаат селата, оставајќи ги само постарите да се грижат за малкуте преостанати стада.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

To top