Бизнис

Генералното собрание на НФФ: Можност за развој на мали земјоделци и производители

Претседателот на НФФ го претстави и моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласманот на пченица.

Националната федерација на фармери го одржа редовното Генерално собрание, на кое присуствуваа претставници на институциите, меѓународните партнери, граѓанските организации, земјоделки и земјоделци и земјоделскиот сектор . На настанот се истакна значењето на иновативни политики, нови пазарни можности и континуирана поддршка за малите земјоделци, како и важноста од заедничка соработка помеѓу државните институции и невладиниот сектор за одржлив развој на руралните средини.

Претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски во своето поздравно обраќање истакна дека тие се соочуваат со сериозни структурни предизвици – сиромаштија, недоволна инфраструктура и ограничен пристап до здравство и образование, дополнително усложнети од последиците на климатските промени. Тој посочи дека еден од најголемите предизвици е миграцијата од руралните средини, нагласувајќи дека дури половина од младите и жените ги напуштаат селата, што сериозно ја нарушува демографската и економската стабилност на овие заедници.

  • „Без нова генерација млади земјоделци, иднината на секторот е неизвесна. Токму затоа се потребни конкретни политики и мерки – земјоделството мора да стане атрактивна професија за младите преку подобри услови за работа, финансиски стимулации, модернизација на инфраструктурата и програми за едукација и поддршка на младите и жените во руралните средини. Во овој процес значајна е поддршката од нашите меѓународни партнери. Шведска и Шведската организација за развој We Effect се клучните партнери на Националната федерација на фармери, кои придонесуваат за развој на руралните заедници, подобар пазарен пристап, економско јакнење на малите земјоделци и унапредување на родовата еднаквост. Преку оваа соработка се реализираа конкретни резултати: пилот-интервенција за договорно производство на пченица, воведување на школски шеми и започнување на процесот за формирање организации на производители. Дополнително, преку Школата за млади пчелари и брендираниот сок од јаболка „Преспино“, се даде поддршка на малите производители и се промовираа квалитетни домашни производи преку различни саемски настани организирани од НФФ“, нагласи Јорданоски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во своето обраќање се осврна на исклучителната соработка со НФФ, истакнувајќи дека приоритет на Министерството е да создаде стабилна, предвидлива и фер поддршка за земјоделците.

  • „Предизвиците се големи, во денешното време се соочуваме со климатските промени, нестабилните пазари, трошоците за производство. Но исто така знаеме дека со партнерство, дијалог и заедничка визија можеме да изградиме посилно и поодржливо земјоделство“, потенцираше министерот Трипуновски.

Раководителот за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, Микаел Атерхог, ја истакна важноста ангажманот на Шведска во Северна Македонија преку развојната соработка, како и фокусот на земјоделскиот сектор, кој е воден од едно основно уверување дека одржливиот рурален развој не е нешто што може да се донесе однадвор, туку мора да расте одвнатре – од фармери кои преземаат сопственост, од организации како што е Националната федерација на фармери кои неуморно се залагаат и застапуваат, и од влади кои ја претвораат визијата во закони и политики.

  • “Во Шведска, семејната фарма долго време е столбот на руралниот живот – и не била само владината политика таа што ја одржала. Тоа биле генерации фармери кои се организирале заедно, формирале задруги, пристапувале до заеднички пазари и се залагале за фер услови. Шведската федерација на фармери го прави тоа повеќе од еден век. Денес таа претставува повеќе од 100.000 членови и околу 130.000 бизниси. Она што го гледаме како се развива тука во Северна Македонија, преку работата на Националната федерација на фармери, е истиот тој дух: фармери обединети и кои зборуваат со еден глас, кои со самодоверба влегуваат на пазарите и градат институции што ќе траат подолго од кој било поединечен проект. Би сакал да ја искористам оваа можност да ги истакнам резултатите од одличната соработка помеѓу Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и НФФ. Соработката помеѓу НФФ и Министерството – во рамки на школските шеми, организациите на производители, Законот за земјоделство и Програмата за социјалната сигурност за жените земјоделки, покажува дека вистински напредок се постигнува кога државните институции и граѓанското општество делуваат заедно. “, потенцира Атерхог,

Националниот менаџер на We Effect Европа, Сашо Ангеловски, во своето обраќање ја истакна долгогодишната поддршка од Шведска и значењето на партнерството со Националната федерација на фармери.

  • „Особено би сакал да ја истакнам долгогодишната, принципиелна и исклучително значајна поддршка од Шведска — еден од најзначајните и најдоследни партнери на нашата држава, кој континуирано придонесува за развојот на земјоделството, руралните заедници и јакнењето на малите производители. Поддршката од шведските институции и од развојната организација We Effect претставува пример за вистинска стратешка соработка која овозможува стабилни, долгорочни и одржливи резултати“, истакна Ангеловски.

Во рамки на Генералното собрание се одржа и панел дискусија на која се презентираа успешни приказни и пазарни можности за малите земјоделци, при што беа прикажани резултатите од проектот „Организацискиот развој на НФФ и подобрените врски на пазарот за малите земјоделци и производители од руралните области, со цел зголемување на приходите“,подржан од Шведска и We Effect, кои директно и индиректно опфатија 152.032 корисници на права и овозможија бруто приходите на целните групи да се зголемат за 35 проценти.

Пере и Рахела Транталовски од „Трантал Фарм“ ја споделија својата успешна приказна за развојот на брендот „Преспино“, додека Ванчо Кироски од Невладината организација „Меден Исток“ зборуваше за Школата за пчелари и за можностите за вклучување на малите оператори во саемски манифестации.

Во рамки на панелот, Јорданоски, зборувајќи за успешно воспоставениот модел на договорно производство на пченица во Пелагонискиот регион, истакна дека оваа пилот интервенција е прва во државата за пченица која покажа дека договорното производство може да функционира и да воспостави фер и плански процес од производство до продажба на пченицата.

Осврнувајќи се на школските шеми и организациите на производители, извршниот директор на НФФ, Стеван Орозовиќ, истакна дека тие се клучни за економско обединување на земјоделците и зајакнување на нивната пазарна позиција, овозможувајќи системско решение за сигурен откуп и пласман на земјоделските производи.

Проект менаџерката на НФФ, Билјана Петровска Митревска, го затвори панелот осврнувајќи се на Програмата за поддршка на социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, насочена кон подобрување на нивниот економски и социјален статус. Таа истакна дека од 2023 година Програмата обезбедува финансиска поддршка за мајчинство за регистрираните жени земјоделки додека се грижат за своите новороденчиња, и нагласи дека НФФ продолжува да лобира за воспоставување системско решение за породилно отсуство, посочувајќи дека ова претставува добар пример на соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор.

Генералното собрание на НФФ уште еднаш покажа дека е важна соработка меѓу институциите, меѓународните партнери и земјоделските организации, и дека таа создава стабилни услови за развој на земјоделството, подобрување на пазарниот пристап и обезбедување одржлива иднина за малите земјоделци и руралните заедници во Северна Македонија.

По завршување на свечениот дел на Генералното собрание на НФФ се одржа редовната седница на која присутните делегати ги разгледуваа и усвојуваа активностите кои следуваат за тековната година и извештаите од претходната година.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top