Бизнис

Избрана банката која ќе ја финансира изградбата на брзата железница од Табановце до Богородица

Изведувачот на работите на брзата пруга ќе се избере преку таканаречен конкурентен дијалог. Овој проект е предвидено да чини околу две милијарди евра и е дел од стратешкиот договор со Велика Британија. Според Николоски, актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8.

Избрана банката која ќе ја финансира изградбата на брзата железница од Табановце до Богородица, рече министерот за транспорт Александар Николоски, меѓутоа не го соопшти нејзиното име бидејќи не сака да влијае на нејзините позиции кај акционерите и на берзите. Тој најави дека  ќе почне да се гради кон средината на 2026 година. Николоски вели дека во моментот се работат сите подготвителни активности што јавноста не ги гледа.

  • Банката е избрана, ние кажавме дека индикативна понуда избравме. Работиме на конечна одлука. Напоредно ги работиме сите подготвителни активности кои можеби не се видливи за јавноста, но се најбитни за успешна реализација на проектот. Ние велиме дека од моментот кога ќе се види првиот багер на терен, до комплетно завршување да не поминат повеќе од пет години, и нема да поминат повеќе од пет години, затоа што ќе влеземе одлично подготвени во оваа работа – рече Николоски.

Николоски додаде дека изведувачот на работите на брзата пруга ќе се избере преку таканаречен конкурентен дијалог. Овој проект е предвидено да чини околу две милијарди евра и е дел од стратешкиот договор со Велика Британија. Според Николоски, актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8.

  • Работиме и ние и Бугарија. Мислам дека веќе сме во фаза каде што политиката нема влијание на целиот овој проект, вели Николоски.

Тој очекува денеска да биде ратификуван  меѓудржавен договор  од наша страна.

  • Најдобра потврда за ова што го кажувам е дека вчера и завчера се одржа првата средба на техничко ниво меѓу директорите на двете железнички инфраструктурни претпријатија и нивните тимови во Софија, на која што се работеше интензивно на подготовка на документацијата, која што главно е она што ние веќе го имаме сработено како документација. Втората средба ќе биде во јануари – рече Николоски.

Паралелно со ова, како што посочи, се очекува Европската унија да обезбеди 100% грант.

  • Имаме најава дека тоа ќе биде преку механизмот SEFА, којшто може да го користи Бугарија, а не може да го користи Македонија, но треба да помине внатрешна процедура со Европската унија да ни го отворат и на нас. Тоа значи дека интензивно работиме со Бугарија на она што е договор. Дополнително, ние презедовме наши обврски, а тие презедоа свои. Во однос на нивните обврски, колку што сум информиран во моментот тече процесот на жалба за изградба на делот од Ѓуешево до границата, по што ќе следи изборот на изведувач. Во моментов прават проектирање со цел на пролет да распишат тендер за делот Софија – Перник – Радомир до Ѓуешево. Проценетата вредност на нивниот дел е околу 1,2 милијарди евра – рече Николоски.

Во однос на нашиот дел, како што додаде, „првичната информација за тендерот на Коридорот 8, третата фаза излезе на официјалниот сајт на Европската унија и на официјалниот сајт за тендери на ЕУ, имајќи предвид дека овде имаме сериозен грант и добри кредити“.

  • Процесот го води Европската унија, заедно со Железници инфраструктура. Тоа е првиот чекор што беше направен. Вториот чекор, до крајот на месецот, зависи од божиќните празници, треба да излезе и тендерот за надзор – појасни Николоски.

Според него, тендерот за изведба се очекува кон крајот на јануари и ќе се оди со комплетно нова процедура која ќе биде воведена за првпат во овој регион.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top