Бизнис

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Владата на седница на 15 септември ги задолжила Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од седум дена да подготват измена на Правилникот за квалитет на млекото со која ќе се ограничи употребата на млеко во прав, реконституирано млеко и палмино масло во производството на преработки и млечни производи, објави Фактор.

  • „Се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, во рок од седум дена да донесат измена на Правилникот за квалитет на млекото во која ќе се одреди максималните дозволени количини на млеко во прав, реконструирано млеко и палмино масло кои се користат за производство на преработки и млечни производи да изнесува 1-2 %.“, објавено е во записот од седницата.
Според задолжението, максимално дозволената количина на овие состојки треба да биде од 1 до 2 отсто. Целта на ваквата измена е да се ограничи употребата на заменски суровини во производството на млечни производи и да се обезбеди поголема употреба на домашното сурово млеко. Прашањето станува особено актуелно во период кога домашните производители на млеко укажуваат на проблеми со откупот, додека млекопреработувачкиот сектор се соочува со недостиг на сурово млеко. На состанок со млечниот сектор во јули годинава, Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека има недостаток на сурово млеко, особено млеко со квалитет потребен за производство на ферментирани млечни производи, поради што се врши и увоз на млеко од соседните земји.
Новото ограничување треба да биде внесено во постојниот правилник кој ги регулира барањата за квалитет на суровото и конзумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи. Актуелниот правилник нема такво ограничување, туку само бара од производителите да ги истакнат процентите во декларациите.
Особено внимание предизвикува палминото масло, бидејќи станува збор за растителна маст, а не млечна маст. Во досегашната регулатива постојат правила за составот и означувањето на млечните производи, но вакво општо количествено ограничување од 1–2 отсто не беше поставено како максимална граница за трите наведени состојки. Во позадина на измените е и долгогодишното прашање за односот меѓу домашното производство на сурово млеко и количината на млечни производи што се пласираат на пазарот.
Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top