Бизнис

Какви поволни услови за купување стан подготвуваат банките?!

Гувернерот на Народна банка Трајко Славески е уверен дека со мерката на Централната банка за намалување на учеството за купување на прв стан за живеење, ќе се намалат и каматите на кредитите со кои ќе се купуваат овие нови домови за граѓаните.

Народна банка усвои мерки со кои од декември прв стан ќе се купува по олеснети услови, а тие што веќе имаат дом и купуваат нов стан ќе имаат построги услови за купување. Целта, според гувернерот трајко славески, е да им се помогне на тие што немаат живеалиште, а истовремено и да се заузда растот на цената на становите. Според податоците на нбрм, за само една година цените на становите скокнале за дури 22%.

Банките имаат цели два и пол месеци да се подготват и да понудат добри услови за станбени кредити, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Целта, според гувернерот, е да им се помогне на тие што немаат живеалиште, а истовремено и да се заузда растот на цената на становите. Што се однесува до согласноста за поевтина понуда за купување прв стан, Славевски рече дека се уште нема ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките.

  • „Немаме, треба да ги слушнеме, најверојатно прават проценки и пресметки. Немам ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките. Мислам дека сè уште е рано. Банките имаат два и пол месеца за подготовка и очекуваме да се придржуваат на одлуката од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог “. вели гувернерот.

Банкарскиот сектор има друга логика – колку е поголемо учеството, толку поповолни се кредитите. Но сепак, сето тоа е релативно, додава Славески.

  • Еве земете вие сега ако можете со 10 илјади евра во денарска противвредност за помал стан кој не мора да биде во центарот на Скопје и влезете во решавање на своето сопствено станбено прашање. Ако ви се потребни наместо 10, 20 илјади евра вие ќе треба да ги позајмите од некаде за што ќе плаќате камата или да речеме од своите најблиски, роднини, пријатели или потрошувачки кредит, што се има трошок. Сакам да кажам дека нема ниту еден аргумент дека ова не е поповолно или не би било поволно за некој што го нема решено станбеното прашање, посочи гувернерот Трајко Славески.

Според податоците на НБРМ, за само една година, цените на становите скокнале за дури 22%. Па така, ако се анализираат цените на станбениот квадрат во главниот град, тие одат од 1.800 до 2.000 евра. Најскапи се становите кои се продаваат во Центар, каде квадратот надмина 3.000 евра.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top