Бизнис

Која држава во Европа има инфлација од само 0.3%?!

Во споредба со јуни 2026 година, годишната инфлација се намали во петнаесет земји-членки, остана стабилна во три и се зголеми во девет.

Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Шведска (0,3 отсто), Чешка (1,3 отсто), Данска и Унгарија (и двете 1,6 отсто). На спротивната страна, се Романија со инфлација од 8,2 отсто, Литванија (5,4 отсто), Кипар и Бугарија (и двете 4,4 отсто).

Инфлацијата во Европската Унија(EУ) малку се забрза на 3 отсто во јули, враќајќи се на патот на раст по краткиот застој во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто. Годишната стапка на инфлација во еврозоната пак изнесува 2,9 отсто, покажуваат податоците од Европскиот завод за статистика.

Во споредба со јуни 2026 година, годишната инфлација се намали во петнаесет земји-членки, остана стабилна во три и се зголеми во девет.

За растот на инфлацијата заслужни се услугите кои  поскапеле за 1,55 отсто, енергијата за 0,94 отсто, неенергетските индустриски стоки за 0,23 отсто додека храната, алкохолот и тутунот со раст на цените од 0,23 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Најнови вести

To top