Бизнис

Македонските превозници можат да здивнат, се одложува биометриската евиденција

Убава вест за стопанството, транспортерите добија пет месеци одложување. Електронската биометриска евиденција за влез и излез од „Шенген-зоната“ за македонските превозници се одложува до септември. Ова било потврдено од страна на Европската комисија на он лајн состанокот со македонските власти.

Надминувањето на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на шенген-зоната, како и изнаоѓање долгорочни решенија за превозниците, беше тема на разговор на конференцискиот состанок на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за внатреши работи, Панче Тошковски, и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, со претставници на Европската комисија, како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. На состанокот, како што информираат од Министерството за транспорт, беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и евроинтеграции од земјите од Западен Блакан – Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

  • Николоски ја поздрави иницијативата на ЕК за надминување на проблемот и преку аргументирани факти го истакна ставот на Владата преку кој се бара соодветно решение за овие категории на работници поради потребата од извршување на работните обврски во рамките на земјите од шенген-зоната. Во очекување на трајно решение Николоски додаде дека е потребно Европската комисија реално да го идентификува проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и најбргу што може да имплeментира соодветни мерки, кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании што работат во меѓународниот патен сообраќај – соопшти Министерството.

Претставниците на Европската комисија, се вели во соопштението, ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ, во која превозниците се прифатени како професионалци, и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите. На состанокот е потврдено дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од шенген-зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.

Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво, која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.

На состанокот, додаваат од Министерството за транспорт, ЕК ги потенцираа важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија и најавија целосна посветеност во изнаоѓање трајно прифатливо решениe, кое е во интерес на сите засегнати страни. Исто така, беше потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни.

Владата веќе изрази целосна поддршка на превозниците и ги презема сите мерки што ѝ стојат на располагање во насока на изнаоѓање прифатливо решение со цел да се овозможи непречена работа во рамките на меѓународниот патен сообраќај.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top