Бизнис

Мицкоски: Реалниот раст е веќе 3,5 отсто, а номиналниот БДП над 10 илјади долари по жител

Премиерот очекува годинава да биде надминат номиналниот БДП по жител планиран за крајот на мандатот на неговата влада

Премиерот Христијан Мицкоски се пофали со позитивни трендови во македонската економија во новогодишното интервју за телевизијата Алфа.

„Реалниот раст е веќе 3,5 проценти, а номиналниот е над 8 отсто. Мислам дека во првите три квартала е 8,3 отсто, иако ние предвидувавме, заедно со меѓународните финансиски институции, како што е Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и така натаму, дека ќе имаме номинален раст од околу 7,5 проценти, ние веќе сме 8,2-8,3 отсто. Веќе имаме, заклучно со 2025 година, петтоцифрена бројка по долари по жител, над 10 илјади долари е номиналниот бруто производ по жител. Според куповната моќ, веќе дојдовме до 30 илјади долари. Очекувам номиналниот БДП веќе во 2026 да го постигне нивото коешто го поставивме како цел на крајот од мандатот на оваа Влада, а тоа е 20 милијарди долари. Ќе ја натфрлиме таа бројка две години порано“, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top