Бизнис

Мирчевски за банкарската сага со Прокредит Банка: Ама јас не сум кај мене

Не знае како ќе се соочи со долгоочекувана и посакувана нова дебитна картичка доставена од Косово

Во ироночен пост директорот ма Канал 5 телевизија ја раскажува неговата сага со банкарската картичка од ProCredit Bank Macedonia.

Мирчевски на социјалната бизнис мрежа LinkedIn во три наврати раскажува колку е тешко да се дојде до замена на банкарската картичка од една Прокредит банката.

ПАРТ ТРИ

Иако ветив дека мојата вивидна сага која е неверојатна ќе ви ја пишувам на дневна основа сепак решив да направам пауза.

Имено, денес појдов кај нив на ул. Манапо… Маааалку си направивме муабет со господинот кој го знае многу добро мојот “случај” и на крај ми рече: чудно е дека се уште немате СМС порака, но дебитната ќе ја имате наредната недела, од понеделник, брзо ќе биде.

Излегов со најмалку 3 масивни прашалници над мојата глава, еден од прашалниците чинам ја закачи и вратата при излегување, ја собирам мојата најубава половина и идеме на ,,развозавање” ( наш термин да шмугнеме од Скопје).

Само што тргнавме, се јавува дотичниот господин и во манирот на Коперфилд , Мандрак и Мерлин заедно ми вели – Voila, картичката е кај мене!

Е кај тебе е, ама јас не сум кај мене

Си посакавме убав викенд, рече ме чека во понеделник во 8.00am sharp ( малце тешко, ја у понеделник го снимам Ламбе Арнаудов, деценискиот верен комрад на ЉуБчо ) така што ќе идам кај нив у 9.00 час.

Дур ова го пишувам морници ме лазат од преголема концентрација на ендорфин, зашто не знам како ќе се соочам со мојата долгоочекувана и посакувана нова дебитна картичка доставена од Косово. Ќе се препознаеме ли??? И да…се надевам дека нема да ми се повтори овој пех, но ако се повтори…М? Што да правам?

Убав викенд на сите банкари во Македонија”, пишува Мирчевски.

Постот е објавен во петок навечер е трет дел од неговата хумористична приказна за проблемите со дебитната картичка во ProCredit Bank.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top