Бизнис

Митреска: За побрз и поодржлив раст потребни се поголема продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

Македонската економија и натаму е силно интегрирана со Европската Унија, каде што се пласираат 76% од домашниот извоз, Германија учествува со околу 40% во вкупниот извоз. Оваа интеграција донесе значителни придобивки преку странските директни инвестиции, трансферот на технологии и повисоката додадена вредност во извозот, но истовремено ја нагласува потребата од понатамошна диверзификација на извозната структура и инвестициските текови.

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во изминатите години. Во последните пет години, економскиот раст изнесуваше 3,3%, во просек, што е блиску до проценетиот потенцијален раст од 3,5%. Истовремено, економијата го надмина претпандемичното ниво за околу 12%, а растот беше поддржан од личната потрошувачка, извозот и инвестициите во инфраструктурата.

Сепак, таа нагласи дека за одржување повисоки стапки на раст се потребни структурни реформи насочени кон продуктивноста, иновациите и дигиталната трансформација.

  • „Продуктивноста во земјава и натаму е околу половина од просекот на Европската Унија, а дигитализацијата е на околу 70% од европското ниво. Затоа инвестициите во технологија, иновации и човечки капитал се клучни за забрзување на конвергенцијата кон ЕУ“, истакна Митреска.

Таа посочи дека земјава има солидна основа за понатамошен дигитален развој. Според индексот за подготвеноста за вештачка интелигенција на ММФ, Северна Македонија е на 76 место од 174 земји и се наоѓа над светскиот просек. ИКТ-секторот бележи силен раст, а ИКТ-услугите учествуваат со околу 43% во вкупниот извоз на услуги. Воедно, уделот на дипломирани студенти во ИКТ-областите достигнува 7,9% од вкупниот број дипломирани студенти, што е меѓу највисоките стапки во регионот.

Во однос на надворешното окружување, Митреска нагласи дека македонската економија и натаму е силно интегрирана со Европската Унија, каде што се пласираат 76% од домашниот извоз, додека Германија учествува со околу 40% во вкупниот извоз. Оваа интеграција донесе значителни придобивки преку странските директни инвестиции, трансферот на технологии и повисоката додадена вредност во извозот, но истовремено ја нагласува потребата од понатамошна диверзификација на извозната структура и инвестициските текови.

  • „Искуството од последните неколку години покажа дека со соодветна комбинација на монетарни, макропрудентни и други политики може успешно да се зачуваат ценовната и финансиската стабилност, без притоа да се загрози економскиот раст. Но, за долгорочно повисок раст се неопходни и структурни реформи коишто ќе ги поттикнат продуктивноста, инвестициите и конкурентноста на економијата“, истакна Митреска.

Осврнувајќи се на инфлацијата, Митреска истакна дека и покрај новите геополитички ризици и притисоците врз цените на енергентите, централните банки денес се во подобра позиција отколку за време на енергетската криза во 2022 година. Таа нагласи дека кредибилитетот на монетарната политика и навремената реакција се од суштинско значење за спречување на прелевањето на привремените ценовни шокови во подолготрајни инфлациски притисоци.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top