Бизнис

Нафта има доволно, граѓаните да бидат спокојни

Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача премиерот Христијан Мицкоски

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи одлуки врз основа на методолгоија.

– Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред сѐ. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсоултно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните – подвлече Мицкоски.

Според него, инфлацијата и трошоците за живот во јануари се на ниво од 3,1 отсто, но очекува овие бројки да се стабилзиираат во февруари и да бидат под три проценти.

– Добро е што авторите на т.н. минимална синдикална кошничка јавно кажаа дека јавноста е манипулирана и дека тоа не е минимална, туку просечна кошничка изработена од синдикатот. По неколку месеци јавноста се увери во тие политички манипулации. Ние ќе ги искористиме сите алатки што ги имаме преку ДПИ и Комисијата за заштита на конкуренцијата, го менуваме и законот, ги зголемуваме глобите за 10 – 20-кратно. Секое нефер или девијантно однесување на маркетите ќе биде најстрого и најжестоко казнето. Во делот на поскапувањето на енергенсите, ние и во најтешкото, кога дојдовме како Влада, не ја зголемивме цената на енергенсите, кога станува збор за електричната енергија. Дел од опозициските партии од една страна велат дека се борат за интересот на граѓаните, а од друга ја обвинуваат Владата зошто по толку ниска цена ја продава електричната енергрија на снабдувачот. Тоа се тие лицемерни политики, на двојни стандарди – истакна премиерот.

Тој потврди дека имало информации за наводни забрани на точење нафта на некои бензински пумпи по 22 часот, но дека инспекциите се постојано на терен.

– Имаше такви информации, ДПИ е на терен, имаме информации што се случува, секое девијантно однесување ќе биде санкционирано согласно закон. Ние како Влада апсолутно застануваме зад граѓаните, тие се нашиот интерес кој мора да биде одбранет и ние тоа го правиме скоро две години – повтори Мицкоски.

Според него, државните резереви се отприлика над 62 дена, во однос на вкупната дневна потрошувачка на нафта и нафтени деривати, што не е проблем и се на највисоко историско ниво согласно законот. Премиерот рече дека треба да постои методологија како да се дојде до 90 дена.

– Тоа не значи дека ние во моментот треба да имаме, туку се носи преку Министерството, а ние таа методологија ја имаме донесено, и ќе дојдеме до 90 дена – рече Мицкоски.

На прашањето дали е загрижен од нов инфлаторен шок со оглед на војната на Блискиот Исток, премиерот одговори дека Владата будно ја следи состојбата и ако треба, ќе интервенира.

– Можноста за нова инфлација, ако потрае кризата во Заливот, е возможна и апсолутно е на маса и ние согласно развојот на настаните, така реагираме. Ние не сме политичка гарнитура што сака да внесува страв, туку сме политичка гарнитура која ги антиципира предизвиците, нуди решенија и се труди да има поинаква атмосфера во опшптешството – нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

Најнови вести

To top