Бизнис

Најголем бизнис-партнер на Македонија е моќната Германија

Вкупниот обем на размената со Германија е над три милијарди евра, од кои 2,2 милијарди се извоз, а над 848 милиони евра изнесува увозот. Македонија извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови.

Германија со години наназад е најзначајниот партнер на Македонија во стоковата размена, што го потврдуваат и најновите статистички податоци. Државниот завод за статистика информираше дека во периодот од јануари до септември 2025 година, пишува ДВ, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија.

Вкупниот обем на размената со Германија е над три милијарди евра, од кои 2,2 милијарди се извоз, а над 848 милиони евра изнесува увозот. Македонија извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови.

Најмногу, пак, увезувала нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платина и легури на платина, необработени или во прав и електрична енергија.

Германија е најзначаен трговски партнер кој има учество од околу 25% во вкупната трговска размена, пренесе ДВ. Ваквиот тренд трае со години наназад. Но, намаленото индустриско производство, пред сė во автомобилскиот и енергетскиот сектор во Германија влијае и врз трговската размена со Македонија. Па така, обемот на трговска размена меѓу Македонија и Германија во периодот од јануари до јули 2025 година во однос на јануари-јули 2024 година е намален за 6,1 отсто – извозот за 6,4 отсто и увозот за 5,5 отсто.

Во 2024 година, извозот од Македонија во Германија во однос на претходната година е намален за 13,5 проценти, додека увозот е зголемен за 6,9 отсто. За споредба, во првите седум месеци од 2023 година е остварена трговија во износ од 2,9 милијарди евра, при што извозот на стоки кон Германија е 2,23 милијарди евра и го зазеде првото место во структурата на вкупниот извоз на земјата. Во земјата присутни се и германските инвеститори, кои се меѓу најголемите кои имаат реализирано странски директни инвестиции за период од 10 години – над 560 милион евра.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top