Бизнис

Нема да дозволам да ми e извалкано името, истакна Бислимоски по обвинувањата кон него

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад велат дека во постапката за одземање лиценца на „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.

Постапките за одземање на лиценца за било која дејност и за било кој сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање. На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција, откако утринава Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него за злоупотреба на службената положба и овластување. Бислимоски потенцираше дека во РКЕ не постоел повластен статус за ниту една компанија и постапките при одземање на лиценци се утврдувани од, како што рече, сериозен тим од Регулаторната комисија за енергетика.

  • Буквално истите постапки ги применуваме за сите сектори од областа на енергетиката. Она што сакам да го кажам е дека овие постапки се утврдувани од сериозен тим во Регулаторната комисија за енергетика. Никогаш, ама буквално никогаш, немало повластена компанија или пак компанија за која што се водени постапки спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање – рече Бислимоски.

Во однос на поднесената кривична пријава, тој рече дека ќе го следи целиот процес и ќе ги стави на располагање сите информации до надлежните институции, уверувајќи дека нема прекршување на законската регулатива.

  • Во наредниот период ќе се обидам да го докажам, ќе го следам целиот процес кој се случува, и нема да дозволам на ниту еден начин, имајќи предвид дека сум и татко, и сопруг, и брат, и пријател, да биде извалкано моето име. Сè што стои на располагање, јас ќе го дадам на соодветните институции и цврсто сум сигурен дека ќе докажеме дека апсолутно немало никакво прекршување, ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање – нагласи Бислимоски.
На новинарско прашање за можни политички мотиви зад пријавата, Бислимоски одговори дека за тоа треба да се прашаат подносителите и дека времето ќе покаже дали имало политички притисоци. РКЕ, истакна Бислимоски, во изминатиот период била оценета како една од најдобрите регулаторни тела во рамките на Енергетската заедница, поради, како што рече, примената на пропишаните постапки и процедури.
Во врска со прашањата за наводно спречено одземање на лиценца и за роковите во времетраење од 15 месеци, Бислимоски појасни дека постапките се спроведувале идентично за повеќе компании, при што, нагласи, кај дел од нив завршиле со одземање на лиценцата, а кај други не, доколку во текот на постапката се утврдело дека не се исполнети условите за одземање.
  • Во истиот период кога се води постапката за одземање на лиценцата на таа компанија што се споменува, се води и за други компании буквално истата постапка. Некои завршија со одземање на лиценца, меѓутоа имаше компании на кои им беше одземена лиценцата, а некои компании кои што во текот на постапката докажаа дека не ги исполнуваат критериумите за одземање на лиценца, лиценцата не им беше одземена … не само во делот во областа на нафтените деривати, туку и во делот на електричната енергија и таму каде што имаме понекогаш за природни гасови, апсолутно се применувани пропишаните рокови и процедури … во понатамошен период апсолутно тоа и ќе се докаже дека е така – рече Бислимоски.

На прашање дали се одредувани и некакви дополнителни рокови за отстранување на некои недостатоци кај компанијата, Бислимоски дециден – „Не сум правник, тоа што ми било кажано од правните служби, во кои што цврсто верувам и апсолутно сум сигурен дека е тоа точно, истото е применето, немало различен пристап за различни компании“

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top