Бизнис

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Вицепремиерот Николоски посочи дека покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, енергетиката и водоснабдувањето, од суштинско значење е да се создадат услови во кои македонските компании ќе можат да се натпреваруваат под еднакви и фер правила.

Нелојалната конкуренција при користењето на европските грантови и потребата од долгорочни австриски визи за македонските превозници беа меѓу клучните теми на кои се осврна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на денешниот македонско-австриски бизнис форум, кој се оддржа во Стопанската комора на Македонија. Обраќајќи се пред деловната заедница, Николоски посочи дека покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, енергетиката и водоснабдувањето, од суштинско значење е да се создадат услови во кои македонските компании ќе можат да се натпреваруваат под еднакви и фер правила. Николоски истакна дека е потребно да се отвори прашањето како во актуелните процедури често добиваат компании кои не се од ЕУ .

  • Јас не можам да разберам како е возможно средствата на даночните обврзници на Европската Унија да одат во држави коишто не се од Европската Унија. Едноставно не можам тоа да го разберам, затоа што имаме сериозна нелојална конкуренција во проектите коишто ги работиме, особено во Планот за раст. Тоа се директни средства од даночните обврзници на ЕУ, а тие одат во земји коишто не се од ЕУ. Кредитите сами си ги плаќаме, често се прави конфузија во јавноста — кредитите се враќаат од оној којшто е заeмопримач, тоа го правиме сите досега, заедно со каматата. Така што кредитите ги плаќаме ние и каматите ги плаќаме ние, но зборувам за делот на грантовите. А да бидам директен, не се согласувам парите на македонските даночни обврзници, кои ги плаќаат кредитите и каматите, да одат во држави коишто не се од Европската Унија, рече Николоски.

Oд особено значење за економската соработка меѓу Македонија и Австрија, Николоски ја посочи состојбата со македонските превозници и потребата од постигнување договор со Австрија за издавање долгорочни визи.

  • Веќе осум месеци имаме разговор и дијалог кој што не вродува со сериозен плод, а тоа е состојбата со македонските превозници. Ние можеме што сакаме да зборуваме овде, но ако нема начин како добро да ја изнесеме робата од Македонија во Австрија и од Австрија во Македонија, бесполезно разговараме. Кога дојдов на оваа позиција, да ме прашаше некој кој е најапсурдниот проблем со кој што ќе се соочиш, овој немаше да биде на листата од сто. Да ние, во 21 век, со признати либерализации, со земја кандидат за членство во ЕУ која ги започна преговорите, да разговараме дали македонски превозник кога ќе се качи во камион треба да ги брои деновите, часовите и минутите колку престојува и да брза да се врати назад, а ако не се врати, прашање е дали возачот ќе замине зад решетки, мислам дека разговараме за апсурд” – посочи заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Николоски информираше дека Македонија веќе има договори со Хрватска и Словенија, а дека се разговара и со други држави за изнаоѓање соодветен модел.

  • Затоа ве замолувам да помогнете да ги забрзаме измените. Ние веќе имаме договори со некои држави. Ни рекоа да најдеме модел на ниво на Европска Унија, но очигледно таков модел нема, туку моделот е билатерално да правиме договори со земјите. Веќе имаме таков договор со Хрватска, веќе имаме таков договор со Словенија. Разговараме сега со уште неколку други држави и Ве замолувам да разговарате со соодветните институции и власти за да постигнеме таков договор и со Австрија, за да можат македонските превозници да добиваат долгорочни австриски визи. Да не треба кога некоја компанија планира извоз во Австрија или кога австриска компанија планира извоз во Македонија, да седат на календар и да бројат денови, потенцира вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top