Бизнис

Ново поскапување на такси превозот?!

Последната одлука за промена на тарифите на такси превозот е од 2022 година, значи дека дел од таксистите, без оглед што возат за регистрираните такси компании, неовластено наплаќаат повеќе од предвидената сума.

Периодов ако сте се возеле со некоја од скопските такси компании сигурно сте забележале дека за истата дестинација ви наплаќаат за дури 30 отсто повеќе од вообичаено. Сепак, никаде нема официјална одлука за поскапување на такси-превозот бидејќи тарифникот се усогласува со одделот за сообраќај на Град Скопје, и се гласа на Советот на Град Скопје.

Последната одлука за промена на тарифите на такси превозот е од 2022 година, значи дека дел од таксистите, без оглед што возат за регистрираните такси компании, неовластено наплаќаат повеќе од предвидената сума.
  • „Цените од пред три години се наштелувани во таксиметарот и само тие три тарифи смеат да ги употребуваат. Исто така и на задните стакла од вратите треба да го имаат истакнато ценовникот по која тарифа возат“, вели за Фактор Сашо Рајчановски Претседател на Групација на авто такси превоз на Град Скопје и член во советот за сообраќај во Град Скопје.
Бидејќи такси-метрите се штелувани според трите тарифи од 2022 година, дел од таксистите возат според третата, најскапа тарифа, но за тоа нема никаква правна основа, бидејќи оваа тарифа се применува само кога цената на горивото е над 120 денари за литар.

Имено, повеќето од таксистите кои возат по „новите“ цени, всушност возат со старт од 60 денари, 35 денари за изминат километар и 420 денари за чекање еден час во место.

Постоечкиот ценовник предвидува прва тарифа со 40 денари старт, 25 денари за изминат километар и 300 денари за чекање еден час во место под услови горивото да чини до 75 денари за литар и втора тарифа со старт од 50 денари, 30 денари за изминат километар и 420 денари за еден час чекање, но под услов просечната цена на горивото да изнесува над 75 денари за литар.

Во последните три месеци само на крајот на јуни просечната цена на горивото изнесуваше над 75 денари за литар, мерено според податоците на gorivo.mk. Тоа значи дека ниту втората тарифа од 50 денари старт со 30 денари изминат километар и 420 денари чекање еден час не е постојано оправдана. Сепак, контролите на таксиметрите и наплатата во такси возилата ретко се спроведува, што ги остава потрошувачите на овие превозни услуги незаштитени.

Исто така голем проблем за Скопјани, во услови на руиниран градски превоз, и небезбедни услови за движење на пешаци и велосипедисте, се и дивите таксисти кои цените буквално ги „вадат од ракав“. Така на пример за возење кое вообичаено чини 150 денари може да ви наплатат дупло, за кратки релации низ централното градско подрачје.

Дивите таксисти станаа многу вешти во изминатите неколку години со тоа што користат табли на кои се испишани имиња на постоечки такси компании, но тие воопшто не возат за нив, ниту се поврзани со некаква централа.

  • „Имам информација дека 70% од таксистите во Скопје се ,,диви“. Немаат лиценци, немаат таксиметри, возилата не ги исполнуваат условите за такси превоз на патници. Не дај Боже да се случи нешто тогаш сите ќе бегаат од одговорност. Многу пати последниве години е барано средување на авто-такси превозот ама надлежните од Градот Скопје го игнорираат тоа барање“, потенцира Рајчановски.

Дивите таксисти најчесто се стационирани околу Меѓуградската автобуска станица, кај хотелот Холидеј Ин, такси станицата спроти Министерството за правда или поранешно „Мекдоналдс“ и на други точки во градот каде најчесто се движат туристи или граѓани од внатрешноста на Македонија кои не се добро запознаени со етаблираните такси-компании. И тоа е многу лесно воочливо и видливо, но нема конкретни чекори од надлежните.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top