Македонија

Бензините поскапуваат, дизелот останува со стара цена

По полноќ поскапи за половина денар

Бензините и екстра лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

За 0,330 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 51,144 денари.

Најнови вести од: Македонија

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку одделна и самостојна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија претставува еден од најголемите и најтемелни докази и изложувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на Ивановски-Бистришки е пригода за должно навраќање кон делото на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ..

To top