Бизнис

Од Скопје до Приштина в година и со воз

Предуслов е Косово да ја заврши модернизацијата на својот дел од железничката линија, вели министерот за транспорт Николоски

До крајот на следната година од Скопје до Приштина би можело да се патува и со воз, ако Косово го заврши својот дел од градежните работи на железничката линија, најави министерот за транспорт Александар Николоски.

За да профункционира редовната линија останува Косово да ја заврши модернизацијата и да го пробие последниот тунел од своја страна.

На македонска страна, за комплетирање на сите активности ќе бидат потребни меѓу четири и шест месеци по завршувањето на работите во Косово.

Поголем дел од трасата на македонска територија ќе се искористи и за идното проширување на скопскиот градски воз, ќе се растовари патниот сообраќај, бидејќи околу 40 отсто од возилата кои влегуваат во Скопје доаѓаат од север, со дневна фреквенција од над 10.000 возила кон и од Косово, а ќе се намали и аерозагадувањето, објасни Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top