Бизнис

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

Мерките што ги имплементираме како Влада за да го одржиме најниското ниво на цени во Европа ќе нè чини, само по основ на акцизата, околу 5 милијарди денари, што за буџет како нашиот е огромна жртва, а поради намалениот ДДВ и уште некоја милијарда повеќе и затоа, се разгледува можноста за уште еден ребаланс. Но, наш приоритет е да го задржиме стандардот на граѓаните и да ја држиме инфлацијата под контрола, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Можен е уште еден ребаланс на државниот буџет до крајот на годината, затоа што поради мерките за контрола на цената на горивата се очекува кусокот во буџетот да изнесува до 7 милијарди денари (113, 4 милиони евра) од планираните средства, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, инфлацијата во Македонија е под контрола.

  • Не би рекол дека кај нас инфлацијата има голем замав, два месеца по ред е, условно кажано, контролирана и е под европскиот просек. Во јули беше 2,3 проценти, во август 2,6, ќе видиме како ќе биде во септември. Сè што е во рангот на 2 до 3 отсто е во рамки на очекуваното. Предизвик е неизвесноста околу испораката на нафтата и нафтените деривати, цените на берзите и мерките што ние ги имплементираме како Влада, за да го одржиме најниското ниво на цени во Европа. Тоа нас ќе нè чини, само по основ на акцизата, околу 5 милијарди денари, што за буџет како нашиот е огромна жртва, а поради намалениот ДДВ и уште некоја милијарда повеќе. Нашите проценки се околу 6 до 7 милијарди денари и затоа, се разгледува можноста за уште еден ребаланс. Но, наш приоритет како Влада е да го задржиме стандардот на граѓаните, да ја држиме инфлацијата под контрола и да ја задриме најниската цена на горивата – истакна Мицкоски.

Во меѓувреме, неизвесноста на светските енергетски пазари продолжува. Растот на цените на нафтата и дизелот, нарушувањата во снабдувањето и геополитичките тензии создаваат дополнителен ризик за европските економии. Академикот Таки Фити предупредува дека нов нафтен шок може да доведе до стагфлација – комбинација од забавен економски раст и повисока инфлација.

И Меѓународната агенција за енергетика не ја исклучува можноста за дополнително користење на стратешките резерви на нафта доколку се влошат условите на пазарот. Европа влегува во зимата со зголемени ризици на пазарот на дизел, особено поради зависноста од увоз.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top