Бизнис

Предлог-буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека Предлог-буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември. На 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата.

Предлог-буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември, рече Претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој брифинг со новинарите информира дека на 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата.

Информира дека до 15 јануари следната година истекува мандатот на актуелниот состав на ДИК и оти со нив разговараат за да се преземаат сите чекори да можат да се спроведуваат како што треба изборите во четирите општини каде треба да се повтори изборниот процес.

Околу донесувањето на Законот за локална самоуправа, Гаши истакна дека се зависи од волјата на пратеничките групи и штом ќе има волја веднаш ќе биде ставен во собраниска процедура.

Гаши информира дека досега до Собранието не е поднесено најавената резолуција за црвените линии од претседателот на СДСМ Венко Филипче. Засега нема најава на отворање на Уставот по ниту едно прашање, потенцира Гаши одговарајќи на новинарско прашање околу мислењето на Венецијанската комисија дека потребни се уставни измени за поголема независност на Јавното обвинителство.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top