Бизнис

Ристески во Будва на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“

Поддршката на развојот и конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот ќе биде во фокусот на меѓународна конференција во Будва, на која ќе учествува и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Конференцијата е посветена на лансирањето на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција

Поддршката на развојот и конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот ќе биде во фокусот на меѓународна конференција во Будва, на која ќе учествува и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Конференцијата е посветена на лансирањето на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција.

На конференцијата, која е во организација на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) ќе учествуваат министрите одговорни за развој на бизнисот, конкурентност и економски прашања на земјите од Западен Балкан и Турција, земјите-членки на ОЕЦД и ЕУ, Европската комисија, како и претставници од меѓународни и регионални партнерски организации.

Заменик-министерот Ристески на конференцијата ќе се осврне на реформите што ги презема земјата во однос на подобрување на условите за развој на малите и средните претпријатија, како и приоритетните цели за развој на овој сектор содржани во Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030 година.

Во рамки на конференцијата ќе биде претставен 7-от извештај за „Индексот на политики за мали и средни претпријатија: Западен Балкан и Турција 2026“ кој содржи сеопфатна проценка на политиките за поддршката на малите и средните претпријатија во повеќе области, како што се пристапот до финансии, дигиталната трансформација, развојот на вештини, иновациите и зелената транзиција. 

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top