Бизнис

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

Само лани инспекцијата од УЈП направила 6.300 теренски контроли и како што изјави директорката на, Елена Петрова, тие покажуват дека „состојбите на терен не се добри, затоа што секоја четврта контрола завршува со неправилност во евидентирање на готовински промет“. По контролите биле изречени 3.200 глоби и 120 мерки за привремена забрана за вршење дејност со запечатување на објектите. Минатата година имало и 4.200 советодавни посети во ризични дејности за генерирање сива економија.

  • Селекцијата на објектите каде што се вршат контролите не е субјективна, туку се темели на анализа на ризик. Контролите сега не се само пребројување на касите, туку навлегуваме и во економската суштина на работењето, изјави Петрова.

Петрова имаше средба Совет за даночна усогласеност составен од претставниците на УЈП и даночните обврзници, а присутен беше и Државниот пазарен инспекторат, фокусот беше ставен на сивата економија која нанесува штета на државната каса, но значи и нелојална конкуренција за компаниите.

  • Сивата економија е системски предизвик и долгогодишно егзистира. Борбата не можеме да ја водиме со изолирани мерки, туку се потребни континуирани политики и поврзан институционален пристап, затоа повеќе државни органи потпишаа партнерство за борба против неформална економија, рече директорката.

Таа потенцираше дека активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

  • Ризикот таму произлегува од тоа што плаќањата се претежно готовински, кои ја хранат сивата економија. Оваа година продолжуваме во овие дејности, но се насочуваме и кон други кои се поврзани со синџирот на угостителските или малопродажните објекти. Покрај овие дејности на дистрибуција, активностите продолжуваат и кон издавање, ќе работиме пофокусирано на краткотрајното издавање, односно на туристичките капацитети, рече Петрова.

 

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top