Бизнис

Скандал во „NVIDIA“: Директорот Хуанг бил во љубовна афера со кинеска шпионка?

Управниот одбор отвори независна истрага за извршниот директор поради врска со кинеска бизнисменка

Основачот и извршен директор на технолошкиот гигант NVIDIA, Јенсен Хуанг, јавно призна дека ја изневерил својата сопруга, во момент кога американските разузнавачки служби и управниот одбор на компанијата отворија истрага за неговата поврзаност со кинеска бизнисменка осомничена за шпионажа.

Според информациите објавени од „Аксиос“, Хуанг во неделата, на 8 ноември, испратил писмо до вработените во кое ја потврдил личната невера и ја презел целосно одговорноста за своите постапки.

„Ѝ бев неверен на сопругата. Моите постапки ги повредија неа и нашите деца. Нема оправдување за тоа што го направив. Длабоко жалам“, напишал Хуанг во писмото до колегите.

Во истото обраќање, тој нагласи дека управувањето со компанијата е привилегија на неговиот живот и дека негова задача е да им служува на вработените.

„Да се раководи со NVIDIA е привилегија на мојот живот. Моја одговорност е да ви служам и да бидам достоен за вашата доверба. Не ја исполнив таа одговорност. Целосно сум посветен на NVIDIA и ќе работам за повторно да ја заслужам вашата доверба“, порача извршниот директор.

Сомнежи за разузнавачки врски и милионски набавки

Иако Хуанг не го споменал името на соговорничката, американските медиуми претходно објавија дека тој бил во романтична врска со кинеската бизнисменка Алис Хуанг (поранешна директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“ во текот на 2023 година). Двајцата имаат исто презиме, но не се во роднинска врска.

Според „Њујорк тајмс“, американските разузнавачки служби се сомневаат дека таа била ангажирана од кинеското Министерство за државна безбедност за да собира информации за првиот човек на NVIDIA и да влијае врз неговите ставови за извозот на напредни американски чипови во Кина. Дополнително внимание привлекуваат податоците според кои малезиска компанија поврзана со „Мегаспид“ набавила опрема за вештачка интелигенција со чипови и технологија на NVIDIA во вредност од најмалку 4,8 милијарди долари, во периодот од јуни 2024 до февруари 2026 година.

Американските власти претходно ја истражувале „Мегаспид“ поради сомневања дека им помагала на кинески компании да заобиколат гинеколошките и технолошките ограничувања за увоз на напредни чипови.

Независна истрага и реакции од државниот врв

Разузнавачките сомневања сè уште не претставуваат цврст доказ дека Алис Хуанг навистина работела за кинеските служби или дека Јенсен Хуанг свесно откривал доверливи информации.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил запознаен со овие разузнавачки информации уште пред избивањето на скандалот во јавноста. Изјавил дека сè уште не разговарал со директорот на NVIDIA по објавувањето на обвинувањата, но и понатаму го смета за чесен човек кој придонел многу за САД.

Управниот одбор на NVIDIA формирал независна комисија со помош на надворешни правни советници за да утврди дали постоела закана по националната безбедност или деловните тајни на компанијата. Од таму соопштија дека засега нема индикации дека доверливи информации биле компромитирани, а Хуанг продолжува непречено да ја извршува својата функција.

Кина ги отфрли сите обвинувања за шпионажа. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, овие тврдења ги оцени како неосновани обиди за оцрнување на земјата.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top