Бизнис

ССМ ги повика сите на протест за платите, премиерот одговори: Секој има право да протестира

Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, рече претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот, најавувајќи го протестот на 28 јануари. Од Синдикатот бараат минималната плата да биде 600 евра и зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

  • „Не треба на никој да му се плашите, затоа што не му должите на никому ништо. Им должите само пристоен живот на вашите семејства. Ве повикувам сите – и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи“, рече Трендафилов на прес-конференција. 

Утрешниот протест, како што посочи, е заради игнорантскиот однос на Владата и на работодавачите кои не се договорија за зголемување на сите плати за 100 евра преку зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра.

  • „28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи од вас. Утре вашето присуство на улица ќе зборува погласно од секоја дискусија што сте ја воделе во семејствата и на вашите работни места. Овој протест е за вашите плати затоа што тие не стигнуваат од први до први. Овој протест е против неправдата затоа што тие земаат 10 пати поголема плата од вашата. Овој протест е затоа што тие за себе обезбедуваат 250 евра зголемување на нивните плати, а за вас ниту 25 евра“, рече Трендафилов.

Од ССМ најавуваат дека следниот ден по завршување на протестот ќе излезат со информации и докази за институциите во кои се врши притисок врз работниците да не се приклучат на протестот. За ставот на Конфедерацијата на слободни синдикати околу зголемувањето на платите, Трендафилов со порака дека само вистинските синдикати се борат и ги поддржуваат работниците во борбата за нивните права.

  • „Се бориме за 6.000 денари да се зголемат и платите на членовите на КСС која не сака да се бори за зголемување на платите, а нејзиниот претседател дава изјави дека малку се зголемиле функционерските плати и дека треба уште повеќе да се зголемат. Тие се борат за функционерите, а ние се бориме за работниците. Разликата е огромна“, рече Трендафилов. 

Во однос на изјавата на претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков дека приватниот сектор не може да го издржи зголемувањето на минималната плата, Трендафилов со одговор дека официјалните податоци за остварените профити ги демантираат сите изговори на бизнис секторот.

  • „Трагично е тоа што тие поткленаа под притисокот на Владата за да не им го блокираат бизнисот. Трагично е тоа што Владата одбивајќи да ги субвенционира придонесите на работниците во период од 12 месеци како што побара бизнис секторот, денес е за 10 милиони евра покус буџетот“, рече Трендафилов.

Протестот почнува утре во 17 часот од пред зградата на ССМ и продолжува пред Собранието и Стопанската комора за да заврши пред Владата.

Доколку нема слух од другата страна, ССМ најавува блокади на таргетирани институции, организирање на генерален штрајк и собирање на 10.000 потписи со кои ќе се бараат законски измени за намалување на функционерските плати за 80 проценти и зголемување на сите плати преку зголемувањето на минималната плата на најмалку 600 евра.

  • „Секој има право да протестира“, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималната плата на 600 евра.

Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март.

  • „Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог“, рече Мицкоски. 

Најнови вести од: Бизнис

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

To top