Бизнис

ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците

Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека „Наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место , но за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место (5- тото место е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права), што е за очекување со односот на власта и работодавачите, а со тоа и свесно туркање на Македонија со држави кои покажуваат очајни резултати кога станува збор за положбата на работниците и нивните права и слободи меѓу кои и оние права на слободно синдикално здружување, кое нешто нашата држава не смее да си го дозволи“.

Од ССМ на Фејсбук пишуваат дека „во воведниот дел од Извештајот, на прво место е нотиран срамниот настан кој се случи во месец февруари, 2026 година и тоа по одржување на еден од најголемите работнички протести во поновата историја на Република Македонија, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со учество на илјадници работници кои се охрабрија и се придружија на синдикалните преставници на улица, протестирајќи за зголемување на своите плати, и тоа настанот кога Претседателот на ССМ и неговото семејство беа цел на следење преку објавување на снимки од нивниот приватен живот објавени на социјалните медиуми, а сето тоа од страна на пратеници на владеачката политичка партија кои наместо ваквото срамно дејствување, треба да вршат улога на народни претставници, кое нешто е оценето како грубо кршење на правото на приватност, особено ако се има предвид дека во снимките се вклучени малолетни деца и членови на семејството кои немаат никакво улога во синдикалните активности на Претседателот на ССМ нотирани се како голем прекршок“.

Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.

Најнови вести од: Бизнис

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Најнови вести

To top