Бизнис

Стабилизиција на економијата и солидни стапки на раст, прогносира експертската фела

Државната статистика измери годишна инфлација од 4% во септември, што е намалување за 0,2 пп споредено со август. Намалувањето за само еден месец е резултат главно на пониските трошоци на живот кај транспортните услуги за 3,3%, рестораните и хотелите за 1,3% и рекреација и култура за 0,7%.

Македонската економија се движи во позитивна насока на стабилизиран раст и умерено ниво на инфлација. Експертите сметаат дека таа има капацитет да се зголеми над 3% како што проектира Светска Банка во најновиот извештај, главно поради поголемата домашна побарувачка, јавните инвестиции и извозот. Експертите, како што пренесе Алфа, велат дека се забележува дека активностите забрзуваат, но Владата треба да внимава на влошените демографски промени и ефикасноста на институциите. Тие сметаат дека се добри показателите за намалување на невработеноста и раст на платите. За поголем економски раст, клучно е, според нив, зголемувањето на продуктивноста.

За аналитичарите, добро е што инфлацијата полека почнува да забавува. Очекувањата се дека таа може да се сведе на околу два проценти следната година, без дополнителни мерки. Секако, тоа би се случило, доколку не се заострат ризиците и притисоците врз цените во регионот и на глобално ниво – вели универзитетскиот професор Синиша Наумовски. Политиките на Владата, треба според него, да бидат насочени кон поттикнување на домашното производство.

Инаку, државната статистика измери годишна инфлација од 4% во септември, што е намалување за 0,2 пп споредено со август. Намалувањето за само еден месец е резултат главно на пониските трошоци на живот кај транспортните услуги за 3,3%, рестораните и хотелите за 1,3% и рекреација и култура за 0,7%. Светска банка пак очекува инфлацијата да се сведе на 2% во 2027-мата година.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top