Бизнис

Струјата не само што не е поскапена, туку од јануари се бара формула за поевтинување, вели премиерот

Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека 2026 сигурно банкротираме, еве повторно имам лоша вест за нив, не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сѐ повеќе вакви проекти како овој, како се реализираат, изјави премиерот за тезите на СДСМ дека Македонија ја чека тешка есен со високи цени на струјата и банкрот.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, одговори:

  • Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека 2026 сигурно банкротираме, еве повторно имам лоша вест за нив, не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сѐ повеќе вакви проекти како овој, како се реализираат.

Премиерот истакнува дека трета година од мандатот на Владата, цената на електричната енергија за граѓаните, како што вели, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да поевтинивме.

  • А во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, таа порасна за една третина, цената, зборувам на електричната енергија. Тоа се мерливи и компаративни резултати и бројки. По тоа ние можеме да споредуваме, а не по политичка лажна реторика – додава Мицкоски.

Првиот човек на Владата вели дека и на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе состави влада. Тој се осврна на соопштенијата на СДСМ во кои СДСМ тврдеше дека во Македонија илегално ќе се доселуваат мигранти поради договорот за партнерство со Велика Британија.

  • Исто така, ако се сеќавате зборуваа дека во март-април доаѓале мигранти. Од Велика Британија доаѓале мигранти, еве го, јули сме на средина, мигранти нема. Повторно ширеа хистерија, повторно се обидуваа на тој начин да водат политика. Неколку дена ги слушаме, како дилерот од Кочани му бил отворен прозорот, па тој избегал. Еве вчера е приведен, онаму е однесен каде што му е местото, во затвор. Исто како што оние беа пронајдени во Драч и исто така донесени овде. Ние ќе се соочиме со една небулозна ситуација од страна на опозицијата. Тие колку повеќе лажат, толку повеќе тонат.

Премиерот вели дека граѓаните и во иднината ќе бидат сведоци на вакви соопштенија на СДСМ и дека мора да се навикнеме на, според него, ваков тип на некреативна и незрела политика.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top