Бизнис

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Тинекс“, еден од најголемите малопродажни синџири за трговија во земјата, од изминатиот петок официјално има нов сопственик. Проекс Интернационал од Приштина е нов сопственик на Тинекс Маркет на местото на Тинекс-МТ. Така, по повеќе од три децении домашна сопственост, „Тинекс“ отвора ново поглавје, пренесе Фактор. Нов управител е Лиридон Бериша од Косово на местото на Кристина Тодоровиќ-Николиќ. Според достапниот професионален профил, од септември 2020 година тој е CEO за логистика во Interex Supermarket, а претходно бил Chief Marketing Officer во Viva Fresh Store од 2019 до 2020 година.

Претходно Комисијата за заштита на конкуренцијата даде одобрение за концентрацијата со која косовската компанија „Проекс Интернационал“ Л.Л.Ц. од Приштина ќе стекне контрола врз новоформираното друштво „Тинекс Маркет“ ДООЕЛ Скопје, преку кое треба да биде преземен малопродажниот бизнис на „Тинекс“. Одлуката на КЗК е донесена на 25 август 2026 година. Станува збор за трансакција која го опфаќа бизнисот со супермаркети што досега го управуваше „Тинекс-МТ“, под брендовите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“.

„Проекс Интернационал“ е компанија од Приштина чија основна дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутунски производи. Таа е дел од пошироката „Проекс група“, која има активности во увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, малопродажба, управување со супермаркети, логистика, како и трговија, складирање и дистрибуција на нафтени деривати.

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top