Бизнис

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

„Тинекс-МТ“ пред две недели основаше фирма-ќерка под името „Тинекс Маркети“ со истата дејност „Неспецијализирана продажба на мало“, а потоа во новото друштво ги пренесе своите маркети како регистрирани подружници, објави Фактор. На прашање дали станува за чекор пред продажба на одреден имот на нов инвеститор или пак реорганизација на работењето, не добивме одговор ниту од лицето за односи со јавност ниту од управителот Кристина Тодоровиќ-Николиќ.

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Трговскиот синџир Тинекс во април се огласи по информациите во јавноста за неговата финансиска состојба, признавајќи дека се соочува со предизвици во ликвидноста, но истовремено демантираше дека има доцнење во исплатата на платите и најави мерки за стабилизација.

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

„Најголемите банки и клучните добавувачи стојат цврсто зад нас – знак дека довербата во Тинекс и во неговиот потенцијал останува непоколеблива“, соопштија од „Тинекс“, Во обраќањето до вработените, менаџментот истакнува дека тие се приоритет и дека нивните права ќе бидат заштитени, додека до добавувачите и партнерите упати порака дека се работи на нормализација на обврските. 

Според финансиските резултати за 2025 година, ТИНЕКС-МТ е на 6. место меѓу најголемите синџири на маркети во Македонија според остварените приходи од 86 милиони евра. Минатата година е завршена со пад на прометот и загуба.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top