Бизнис

ТИТАН Усје во 2026 продолжува со инвестиции во дигитализација и декарбонизација, очекува раст на продажбата

Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација

Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата. Како резултат на конкурентноста на зелени еко цементи и очекуваното зголемување на обемот на инфраструктурни проекти, во 2026 година компанијата очекува раст на продажба од над 4%. И покрај тоа што најголемиот дел од производите се пласираат на домашниот пазар, се очекува и зајакнување на извозните активности на пазарите во регионот. ТИТАН Усје го продолжува и развојот на нови производи и процеси базирани на кружната економија.

„Како членка на ТИТАН Групацијата, нашата компанија веќе имплементираше нови дигитални технологии кои не само што ни овозможи развој на нови зелени еко цементи, туку придонесе и за развој на кружната економија во земјата. Тоа нѐ прави конкуренти, не само на домашниот, туку и на глобалниот пазар, што е од исклучително значење во време на големи пазарни промени,. Линеарниот концепт на економија сѐ повеќе се напушта, а борбата за ресурси се зајакнува. Развојот на бизнис модел базиран на кружната економија е клучен за зајакнување на ефикасноста и конкурентноста. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, имплементирање на иновативни решенија и декарбонизација, а подготвени сме нашето искуство да го споделиме, во насока на поголем економски и општествен развој. Промените не се едноставни и за да има поширок ефект во заедницата потребна е заедничка акција“, истакна Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН Усје.

Новите висококвалитетни поеколошки цементи добија реномирана верификација со Декларација за еколошки производ (Environmental Product Declaration – EPD). EPD-документите обезбедуваат јасни и научно засновани информации за влијанието на производите врз животната средина, а ТИТАН Усје е првата компанија во земјата чии производи го носат овој сертификат. Компанијата, исто така, придонесува за намалување на својот јаглероден отпечаток, преку употреба на алтернативни горива кои заменуваат 5% од фосилните горива во процесот, како и со користење енергија од обновливи извори, произведена од сопствената соларна електрана.

Како резултат на сите овие активности, ТИТАН Усје подготвено го дочекува новото правило на Европската унија за намалување на јагленородниот отпечаток и забрзување на примената на принципите на кружната економија – механизмот за прекугранично прилагодување на јаглерод (СВАМ). Иако најголемиот дел од производството на компанијата се пласира на домашниот пазар, од исклучително значење е што поскоро да се прецизира и имплементира домашната регулатива, за, покрај другото, и да се заштитат домашните компании од нелојална конкуренција која доаѓа од земји кои што не се членки на ЕУ и пласираат свои производи на домашниот пазар, а не подлежат на овој механизам.

ТИТАН Усје подолг временски период инвестира во имплементација на добри практики и континуирано осовременување на производството, кои придонесуваат за намалување на јагленородниот отпечаток. Како дел од групацијата ТИТАН, компанијата користи најсовремени технологии за производство, во чија имплементација  инвестираше околу 6 милиона евра во изминатите 5 години, а ќе се инвестираат и дополнителни 3 милиони евра до 2028 година.

Компанијата доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со „Платинуим“ признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад, односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година.

 

 

 

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top