Бизнис

„EOS Матрих Македонија“ ја завршува 2025 со рекордни инвестиции од над 30 милиони евра

Во годината што изминува, EOS Матрих Македонија управуваше со портфолио од околу 150.000 предмети, од кои повеќе од 20 отсто се веќе затворени, со целосно намирени обврски кон компанијата. Истовремено, беа реализирани инвестиции од 15 милиони евра, што е повеќе од двојно зголемување во однос на претходната година.

Со рекордни деловни резултати, значајно зголемени инвестиции и јасна стратегиска насока за идниот период, EOS Матрих Македонија ја заокружува 2025 година како најуспешна во своето работење, информираат од таму. Во услови на зголемена динамика на секундарниот пазар на нефункционални пласмани и засилени регулаторни барања, компанијата дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција, како еден од клучните чинители во управувањето со побарувањата и поддршката на финансиската стабилност во земјава, посочуваат од таму.

Во годината што изминува, EOS Матрих Македонија управуваше со портфолио од околу 150.000 предмети, од кои повеќе од 20 отсто се веќе затворени, со целосно намирени обврски кон компанијата. Истовремено, беа реализирани инвестиции од 15 милиони евра, што е повеќе од двојно зголемување во однос на претходната година. Со тоа, вкупните инвестиции на компанијата надминаа 30 милиони евра на македонскиот пазар, што ја потврдува нејзината долгорочна определба за поддршка на процесите на раздолжување кај граѓаните, на финансискиот сектор, како и на економскиот развој на земјата воопшто, велат од таму.

  • „Резултатите што ги остваривме во 2025 година се јасна потврда на нашата долгорочна стратегија и на системскиот пристап во управувањето со побарувањата. Преку зголемени инвестиции, преземање на комплексни портфолија, користење на напредни технологии и интензивна дигитална трансформација, успеавме да изградиме стабилна платформа за одржлив раст. Во периодот што следува, наш фокус останува да биде усогласување со европската регулатива, натамошно унапредување на дигиталните алатки, како и креирање на додадена вредност за финансискиот сектор и за економијата на земјава во целина“, изјави д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS Матрих за Македонија и Косово.

Како дел од меѓународната EOS Групација, присутна на повеќе од 25 пазари во Европа, EOS Матрих во земјава делува според унифицирани европски стандарди и процеси. Во насока на унапредување на транспарентноста, ефикасноста и комуникацијата со корисниците, во фокусот на 2025 година беше континуираниот развој на MyEOS дигиталната платформа. Преку оваа алатка корисниците имаат можност да проверат дали се дел од портфолиото на EOS Матрих, да добијат целосен онлајн увид во својата индивидуална состојба, да вршат онлајн плаќања, како и да остварат директна комуникација со компанијата.

Платформата нуди транспарентен, сигурен и флексибилен пристап кон управувањето со обврските, прилагоден на реалната финансиска состојба на корисниците, а тимот на ЕОС дава континуирана поддршка низ целиот процес. Технолошката инфраструктура што ја користи EOS Матрих е идентична со онаа што се применува на развиените европски пазари, како што се Германија, Шпанија и Франција.

Дел од развојот и унапредувањето на овие системи се реализира и во Македонија, преку EOS ITech – ИТ-хаб на групацијата, кој вработува домашни инженери што работат на решенија за европските пазари. Во наредниот период, како еден од клучните предизвици за целиот сектор останува имплементацијата на европската регулатива за секундарниот пазар на нефункционални пласмани, која има за цел да обезбеди поголема
стандардизација, повисок квалитет на услугите и фер третман на крајните корисници. Во тој контекст, за 2026 година фокусот на EOS Матрих ќе биде насочен кон натамошна дигитализација на процесите, континуирани инвестиции во портфолија, дополнително унапредување на платформата MyEOS, развој на решенија базирани на вештачка интелигенција и целосно усогласување со европските оперативни стандарди. Компанијата ќе остане посветена на својата мисија за обезбедување фер, транспарентни и ефикасни решенија кај граѓаните, компаниите
и македонската економија во целина, велат од таму.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top