Бизнис

Трезорот продолжува со редовна исплата на налози: Исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи

Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.

Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.

-Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози, информираат од Министерството.

Меѓу реализираните налози исто така во текот на изминатата недела се и средства за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и средства за поврат на придонеси кон заштитни организации.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top