Бизнис

(Фото): Работник со минималец од 400 евра, заработува за газдата 4.700 евра, тврдат Синдикатите

Добар ден на сите освен на министрите во Владата, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, од протестот пред Владата на кој ги повтори барањата на работниците за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. Дотогаш не се исклучува можноста и за таргетирани блокади и во други градови во државава.

Со блокадата на Владата, ССМ ги заокружи најавените протести што се случија пред Собранието и Стопанската комора во центарот на Скопје.

  • „Ако до крајот на февруари не се договорат и не разговараат за зголемување на минималната и на сите останати плати, следува генерален штрајк, со генерален работнички протест во неработно време, на кој ќе бидат повикани сите работници. Ќе обезбедиме превоз, за да нема изговор. Тоа ќе биде во првата половина на март, затоа што март е месецот кога треба да се утврди висината на минималната плата“, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, кој пред Владата ги изнесе најновите заклучоци донесени на претседателството на ССМ како еден од највисоките органи на синдикатот.

Трендафилов рече дека „паѓаат во вода аргументите на работодавачите за поголема продуктивност на работниците, затоа што податоците од МОТ покажуваат дека работник со 24.792 денари минимална плата заработува месечно 290.000 денари за газдата, односно само 17 проценти од тој колач се дава на работниците како плата“.

  • „Упатуваме порака до Владата – на денешната седница многу сериозно да разговараат за барањето на работниците за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на останатите плати. Бараме многу сериозно да размислуваат и да разговараат, или да ги ослободат работодавачите или да подадат рака и на бизнисот, како што ќе подадат рака на работниците за зголемување на платите и за ослободување на придонесите за задолжително социјално осигурување. Ги потсетуваме дека пред една година, кога бевме на преговори, тие тоа еднострано го одбија, иако ССМ и работодавачите беа договорени за најмалку 6.000 денари да се зголемат платите на сите работници во државата“, рече Трендафилов.

За изјавата на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески дадена вчера во Штип, лидерот на ССМ вели дека работодавачите имаат можност до крајот на февруари да кажат за колку се подготвени да ги зголемат работничките плати.

  • „До крајот на февруари можат да седнат, да се договорат, можат да кажат за колку се подготвени да ги зголемат работничките плати затоа што главниот изговор – продуктивноста која ја вртеа 35-36 години во Македонија, ги чинеше иселување на најквалификуваните работници од земјава, и не само квалификуваните работници, туку и нивните семејства“, рече Трендафилов.

Доколку не се исполнат барањата на ССМ, во март ќе се изврши усогласување на минималната плата, кое според пресметките, ќе изнесува од 1.500 до 1.700 денари што работниците ќе го земат во априлската плата. ССМ останува на барањата за зголемување на платите со образложение дека растат животните трошоци и вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка која во јануари во споредба со декември е зголемена за речиси илјада денари.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top